Референдум за укинување на забраната за алкохол

По осум децении може да падне и последниот бастион на прохибицијата во САД, градот Бриџвотер во Конектикат, кој важи за единствен „трезен“ американски град – се подготвува да одржи референдум за укинување на забраната за алкохол.Како што пренесоа американските медиуми, надлежните во градот од 1.700 жители предлагаат измена на важечките прописи за да може во локалните ресторани и кафетерии да се дозволи продажба на алкохолни пијалаци.
Оваа „епохална“ одлука 81 година по укинувањето на законот за прохибиција, поттикната е од потребата градот да се „подмлади“, но и поради предлогот на две компании да отворат нови ресторани во Бриџвотер кој се наоѓа на 100 км северно од Њујорк.

Таму просечната старост на жителите е 55 години а на единственото училиште му се заканува затворање. Во градот како и да нема угостителски објекти во кои граѓаните можат да се соберат и веселат.
Општиот впечаток е дека таму се е замрено и заспано. Ако ги изгласаат законските измени повеќемина мислат дека гратчето ќе се извлече од летаргијата.
А помеѓу оние кои ќе гласаат би можела да се најде и славната холивудска актерка Миа Фароу.
Во САД, законот за прохибиција е укинат во 1933 година.Како што пренесоа американските медиуми, надлежните во градот од 1.700 жители предлагаат измена на важечките прописи за да може во локалните рестор

Пронајдете не на следниве мрежи: