Секоја вода има различен состав, па дури и онаа флаширана од продавница не е целосно чиста од хемикалии кои се потенцијално токсични. Од водата која ја пиеме демнат опасни отрови, кои дури и најпознатите софистицирани филтри не се во можност да ги отстранат. Експертите советуваат редовно да ги читаме извештаите за составот на водата која преку водовод ни доаѓа од чешмата, но и да обрнеме додатно внимание на етикетите на флашираната вода.
Овие се четирите најопасни супстанции кои може да се најдат во водата за пиење.
Арсен
Високите количини на овој металоид во водата може да предизвика оштетување на белите дробови, како што се оние кои се јавуваат кај многу децениските тешки пушачи. Имајте на ум дека максималната дозволена доза на арсен е 0,04 милиграми.
Бакар
Овој метал често се користи за производство на водоводни цевки, а и редовно го внесуваме преку храната. Меѓутоа, прекумерна акумулација на бакар во телото доведува до оштетување на црниот дроб и мозокот, што со времето може да доведе до појава на хепатитис, психолошки и невролошки симптоми, а се сомнева дека бакарот е виновникот за Алцхајмеровата болест.
Хлор
Да, од хлорот имаме корист, бидејќи ги убива штетните бактерии во водата. Но тој може да стане опасен кога ќе стапи во реакција со други органски материи (на пример, полусварено овошје и зеленчук во нашиот желудник), бидејќи тогаш се создаваат високо канцерогени супстанции, трихалометани.
Олово
До пред околу педесет години во мнозинството на домови водата пристигнуваше преку цевки од олово. Бидејќи во некои области водоводот се уште не се заменет, внимавајте, затоа што сте изложени на поголем ризик на проблеми со бубрезите и висок крвен притисок. Од водата која ја пиеме демнат опасни отрови, кои дури и најпознатите софистицирани филтри не се во можност да ги отстранат. Експертите советуваат