План на преубави близначки – спонзоруши: „Мора да го убиеш, тој во себе секогаш има најмалку 50.000 евра“

Јас сум Марија, а ова е Сандра. Ние сме сестри близначки и се бавиме со уцени, криминал и заведување. Вака се претставиле фаталните близначки Јокиќ на забавите во Пореч на сограѓанинот А.В., поранешен затвореник а сега молер, кој го избрале да биде нивен приватен платен убиец.
Тој на почетокот мислел дека се шегуваат, но оваа средба некаде во септември минатата година била само вовед во пеколниот план на сестрите да се обидат да ликвидираат еден познат угостител од Пореч.

Сандра и Марија (28) со двојно хрватско и белоруско државјанство се претставувале како туристички- оператори на голема руска агенција. За двете се зборува дека се толку убави, што човек бесплатно би убил за нив. А тие тоа го користеле и често се гледани во друштво на богати спонзори.
Сандра се вплеткала во врска со познатиот 42- годишен угостител од Пореч, кој имал жена и деца. Тој не се разведувал од сопругата, меѓутоа паралелно со бракот ја одржувал врската со Сандра, поклонувајќи и скапи подароци, меѓу кои и половина од неговиот стан. Таа за неа не било доволно, па ја прекинала врската само по еден месец од јавните обвинувања, откако почнале да го планираат неговото убиство. Прво сакале да го ограбат, а потоа да го убијат.
Во меѓувреме самиот А.В им ја открил оваа приказна на полицијата, откако сфатил дека близначките на се шегуваат кога му донеле 250 евра за да купи пиштол и едно шише Дон Перињон.
Тој добивал повици и од машка личност, претставувајќи се дека само за добро му се јавува за да му помогне, велејќи му што побргу да набави пиштол и да го изврши убиството.
А.В од страв побегнал во друг град, а претходно ја известил полицијата за намерата на овие две убавици.

На крајот, сето тоа завршило кога Сандра почнала да и се јавува на сопругата на потенцијалниот платен убиец, М.В. сакајќи да го притисне за да го ликвидира угостителот што побргу, заканувајќи се дека е спрема на се – да му ги земе најмилите. „Ќе пукам прво во вашето дете, а потоа и во вас. Имам Поречка мафија зад мене“ – биле зборовите на близначката, бидејќи А.В не ги враќал парите што ги тие му ги дале за пиштол, а и го одолговлекувал целото убиство.
Жената на А.В веднаш пријавила во полиција, а потоа и тој се прераскажал. Близначките наскоро потоа се уапсени. И двете, се разбира, негирале дека планираат убиство.
Сестрите се обвинети за заедничко поттикнување на друго лице директно да го нападне животот или телото на жртвата.
Сандра Јокиќ посебно е обвинета за заканување со смрт на жената на А.В. Вака се претставиле фаталните близначки Јокиќ на забавите во Пореч на сограѓанинот А.В., поранешен затвореник а сега молер, кој го избрале да биде

Пронајдете не на следниве мрежи: