Бездомник со последните пари купил лото ливче и освоил 2 милиони евра

– Одбрав само шест броеви и тогаш продавачката ме потсети дека морам да го изберам и седумиот. И реков да го заокружи 24, затоа што и онака не е важно – рекол новиот милионер Ласло Адрешек. Невработен, должен и соочен со уште една стресна година од животот на улиците по Унгарија, бездомникот Ласло Андрешек ги потрошил последните пари на лото ливче. Сега овој поранешен бездомник е во можност да избере сместување било каде во светот, бидејќи влезе во историјата на својата земја, освојувајќи на лото сума која никој од неговите сонародници не ја освоил некогаш – 2.08 милиони евра!
Андрашеков е добитник во септември минатата година кој поминал целосно незабележано, се додека овој месец, не донирал голема сума на пари во домот за бездомници. Тогаш тој раскажал дека купувањето на лото ливчето било сосема непланирано и дека го купил на железничката станица, додека чекал воз за Будимпешта во која одел на состанок со лечени алкохоличари.
Тој и неговата сопруга Анико се договориле парите да ги трошат внимателно, со цел да ја избегнат судбината на многу добитници на лотарија.

– Станав богат, но не се променив. Би можел да купам голем телевизор, бидејќи сега можеме да си го дозволиме тоа, но нема да купам три телевизори, само затоа што можам да си го дозволам тоа – рекол среќниот Ласло.
Андрешек со години се борел со алкохолизмот, а битката конечно ја добил пред пет години и сега смета дека и покрај парите што ги освоил, нема потреба да се врати на оваа лоша навика.Невработен, должен и соочен со уште една стресна година од животот на улиците по Унгарија, бездомникот Ласло Андрешек ги потрошил последните пари н

Пронајдете не на следниве мрежи: