Вампири во човечки облик од селото Јабланица

Ова е за сите оние кои веруваат само во преданијата за вампирите!Вампир – сопруг, сексуален партнер
Суштината на овој тип на вампир е одржување на сексуални контакти со својата жена, односно продолжување  на „љубовта“ на маж и жена со цел да се добие потомство, кое што не е добиено за време на животот на мажот. Тука веќе љубовта не е взаемна. Жената го прифаќа својот бивш сопруг, не поради љубов, туку поради страв. Таа секогаш е спремна да се ослободи од него  и при првата можност го прави тоа. Од таквата врска се добива дете, кое всушност станува вампирџија. Основната особина на вампирот-сопруг или сексуален партнер е во тоа што кога лежи до својата жена неговото тело  е ладно. Ладното тело е всушност знак за распознавање на вампирот.
Вампир – домаќин
Таквиот тип на вампир спаѓа кон т.н. добри вампири, кој на своето семејство му помага во одгледувањето на стоката, го снабдува со пари и облека, му помага при полските работи…  Тоа се во прв ред вампири коишто своите семејства ги оставиле во сиромаштија, со мали деца. И овој тип на вампир не е пожелен во неговото семејствбо и неговите блиски се лишуваат од него. И тука причината за прифаќање на таквиот вампир е стравот.
Вампир – штетник
Вампирот штетник е најпознатиот тип на вампир. Всушност најголемиот дел од преданијата му се посветени токму нему. Тој им штети на своите блиски и подалечни луѓе, и честопати средбата со таквиот вампир завршува со нивна тешка болест или смрт. Тој им штети на нивниот имот и добиток.
 
 Вампир – сопруг, сексуален партнер
Суштината на овој тип на вампир е одржување на сексуални контакти со својата жена

Пронајдете не на следниве мрежи: