Смртта не е многу ведра тема, но тое е нешто што не очекува сите нас.Благодарение на фактите дека таа е една голема непознаница и дека луѓето генерално ја сметаат за посебно негативна, на бројни начини е табу тема во денешното општество. Не можеме да знаеме кога и како ќе ни се случи, не можеме да бидеме сто отсто сигурни ниту кога точно ќе се случи, но постојат некои факти поврзани со смртта кои ќе сакате да ги дознаете, а на едно место ги собра „Хафингтон Пост“.
Постои научно објаснување зошто на оној кој умира „животот му поминува пред очите“
Наместо мозокот да се „умртви“ пред смртта, се верува дека неговата активност поточно расте, предизвикувајќи состојба на зголемување на свеста. Тоа може да предизвика повеќе работи: или „пролетување на животот пред очите“ или „светлина на крајот од тунелот“, а се е потпомогнато со намалувањето на дотокот на крв и кислород во очите.
Телото не срами и откако ќе умреме
Најверојатно сте слушнале дека после смрта косата и ноктите продолжуваат да растат, но тоа баш не е вистина: всушност кожата се собира и открива поголема провршина на влакната и ноктите. Освен тоа, кога ќе умрете најверојатно телото ќе изврши една или две нужди, а зависно од полот, можеби и ејакулација. Тоа, секако се случува поради престанувањето на работата на мозокот кој повеќе не „држи се под контрола“. Ако сте маж и умрете завртени со телото кон долу, крвта почнува да се собира во деловите на телото најблиску до земјата па е можна ерекција.
А ако ве интересира колку е потребно да станете скелет: после неколку дена кожата може лесно да се отстрани, а после околу еден месец почнуваат да отпаѓаат забите, а и се друго.
Поблиску сме до бесмртноста отколку што веројатно мислиме
Calico е проект на Гугл на бесмртноста или поточно проект кој е фокусиран на здравството со посебен нагласок на истражување поврзано со процесот на стареење. Но, иако овој нивни старт-ап привлече најмногу внимание во медиумите, паралелно постои уште еден голем проект, а го води рускиот милијардер Дмитриј Исков. Тој е одлучен прашањето на бесмртноста да го реши до 2045 година и тоа така што ќе гради андроидни тела во кои вашиот мозок ќе може да биде преместен ако и кога на телото нешто му се случи или – остари.
Постои можност погрешно да сфаќаме кога некој е всушност мртов
Најверојатно сте слушнале за случаи кога некои луѓе се прогласени за „мртви“ па потоа „се вратиле во живот“. Всушност, токму за тоа е посветено едно ново големо истражување кое се занимава со можноста да имаме во целост неточен впечаток кога некој всушност е „мртов“: во некои случаи луѓето кои се „вратиле во живот“ можеле да го раскажат разговорот кој се водел покрај нив во моментите кога нивниот мозок не покажувал знаци на живот. Тоа научниците ги натерало да помислат дека не постои „момент на смртта“, туку дека тоа е процес кој се случува полека, додека се гасат некои поединечни функции.
Извор: Huffingtonpost.comБлагодарение на фактите дека таа е една голема непознаница и дека луѓето генерално ја сметаат за посебно негативна, на бројни начини е табу тема во