Што предвидува Иван Исцелител за 2014 година!

Предвидувањата на Иван Исцелителот за 2014.Сега ни стана јасно како толку народ оди по такви ѓаволски работи и како ги убедуваат толку лесно па затоа постои божји човек како вас кој ќе ги разоткрие тие ѓаволски работи како со Бог и библијата го разоткриваат ѓаволот. Но, сега да преминеме на главната работа шо секој Македонец и секој човек на планетава го интересира. Луѓето ширум светот имаат голема доверба во тебе зошто досега сами се увериле во твоите божји способности и го ценат твоето мислење па секој од нив би сакал да дознае што мислиш за 2014 година и што би се случувало.
Па видите вака, јас не можам да предвидувам но ќе речам што ќе ни се случи што ќе ни се случи во новата 2014 година. Животот е како времето, некогаш сонце, дожд, ветер, магла..исто е и со животот некогаш се радуваме арно ни е, некогаш тагуваме лошо ни е. Што велат старите, на арно многу не се радувај, а на лошо не се плаши, со ладна глава напред.
 
Што вели божјиот дух со кој ти работиш со него што на милиони луѓе им имаш помогнато што вели тој каква 2014 година не очекува дали имате разговарано на оваа тема како порано што имаат некои пророци разговарано со Бог што во библијата го имаме прочитано како на пример Мојсеј.
Па нормално е духовниот свет е понапред од материјалниот како човекот, духовите не се раѓаат и не умираат тие се бесмртни, вечни, ни јадат ни спијат створени се од Бог и тие си знаат. Нормално божјиот дух ќе ме информира за се.
-Во 2014 точно на Нова година прво ново родено дете во Македонија ќе биде машко. Во Новогодишната ноќ ќе има повеќе лица повредени од пиротехнички средства (петерди и др.). неколку лица ќе побараат помош на токсикологија поради конзумирање повеќе алкохол отколку што треба, во западни јужниот регион ќе има неколку пожари.
Во јануари ќе има повеќе сообраќајки од вообичаеното оти луѓето ќе возат пребргу. Кон средината на месецот ќе има снег од останатиот период студ.
Во февруари ќе имаме релативно мирен месец со нервозна нација
Во март ќе има напнатост и политички превирања што ќе трааат се до април месец
Во април ќе имаме притисок од Европска унија
Во мај не очекува невреме со големи поплави
Во јуни и јули Македонците ќе се релаксираат ќе имаат добри вести за нивната иднина
Во август не очекува топло и сушно време што ќе се резултира со голем дел пожари во јужна Македонија
 

 
 
Во септември и октомври ќе има колективна нервоза кај народот и политички превирања и една јавна личност трагично ќе го загуби животот.
Во ноември декември ќе има половни вести за подобар стандард за граѓаните на државава.
Што вели генерално божјиот дух за нашава библиска и света земја Македонија
Генерално Бог вели дека Македонија е најубавата земја географска положба на нашава планета и има најубави услови за живот и природа но Македонија е проколната земја уште од Александар Македонски оти тој самиот Александар ја проколнал Македонија бидејќи неговите луѓе Македонци го предале и го отруле. И Александар при самото умирање рекол: брат со брат да се мразат сестра со сестра да си очи вадат и секогаш Македонија под ропство да е и никогаш цар да нема. Како што паметиме од памтивек Македонците се мразат ако некој го бива во оваа држава секој сака да го сруши.
 

Дали божјиот дух може да ни каже што ќе се случува со соседите балкански народи
Словенија ќе ја зафати рецесија, луѓето таму ќе ослабнат финансиски
Хрватска исто така ќе западне финансиски, ќе се намали бројот на туристите во летниот период, политички препреки ќе има.
Босна и Херцеговина ја очекуваат добри вести од Европската унија за обединување
Србија ќе изгуби најмногу, ќе се откаже од Косово поради влез во Европска унија која ќе го добие
Албанија ќе има добри вести на економски план но на политички не
Бугарија политички кризи со пресметки
Грција продлабочување на економската криза
Генерално на Балканот ќе порасне криминалот со убиства на од подземјето, еден пејач ќе загине во сообраќајна несреќа.

 

Дали можете да ни кажете што ќе се случува глобално на нашава планета во 2014 година?
Во Америка ќе има студ и невреме овие месеци исто така во летниот период ќе има тајфуни со урагани со голем број на жртви и Калифорнија со големи пожари. Ќе пораснат убиства масовни, ќе се срушат два авиони поради невреме и неисправна инсталација. Економијата ќе стагнира со мал пораз, ќе потоне еден танкер и два цивилни брода со жртви, три познати личности ќе го загубат животот.
Во Латинска Америка ќе порасне криминалот со наоружани пресметки со организирање на герила со државен удар ќе биде убиен еден лидер на политичка партија
Во Куба се очекува отварање на економијата и приближување кон западните вредности и што е најважно нацијата ќе тагува по загубата на една позната личност.
Во Африка во овој континент поради различните интереси на големите светски сили и влијанија што од економски аспект и од друга природа но од најчести и верски побуни и убедувања ќе има терор, насилства, војни и многу жртви.
Во Азија ќе расте економијата, азиските земји понесени од силата на економијата ќе сакаат влијанието да го пренесат на остатокот од светот па затоа ќе избувнат неколку конфликти меѓу собно.
Во Европа ќе се стабилизира економијата ќе има потешкотии на политички план ќе има два терористички напади во главните метрополи и пет јавни личности ќе го загубат животот.
Во Русија ќе се оправи економијата, Русија ќе има огромно влијание на бившите советски републики со политички и економски мерки, еден опозициски лидер ќе го загуби животот ќе има терористички напади со многу жртви
Не го спомнавте Изреал дали некогаш ќе имаат мир со соседите
Добро е што го поставивте ова прашање па видите вака Израелците се божји народ тие биле единствени божји луѓе што Бог сакал да ги остави на небо. Израелците биле избран народ но самите израелци го отфрлиле Бог и неговите намери при што Бог ги проколнал се додека се живи да немаат мира и своја држава и затоа Бог го испратил неговиот син Исус за да ги откупи гревовите на сите народи за да можат сега од сите нации да одат на небото а не само од Израелците сега секој кој е побожен кој чита и учи Библија и е по бога може да оди на небото кај Бог.
И за крај што би им препорачал на луѓето во 2014 година
Пред се да се живи и здрави…тоа е најважно се се купува здравје и човек не…да не се нервираат оти животот е како времето не е секогаш лошо но не е секогаш се арно…секогаш сам човек треба да си дава волја во живот..и да не заборават да го гледаат мојот документарен филм кој ја освои светската република. И среќна нова на сите и среќен ден.
Интерјуто е преземено од on.net.mkСега ни стана јасно како толку народ оди по такви ѓаволски работи и како ги убедуваат толку лесно па затоа постои божји човек како вас кој ќе ги ра

Пронајдете не на следниве мрежи: