Еве како „се мува“ на Фејсбук!

Истражувањето покажало дека во денешно време секоја трета врска започнува со допишување преку Интернет.Според истражувањето на најпознатиот онлајн портал за допишување Match.com, доколку сакате да привлечете внимание кај потенциалните љубовни кандидати, постојат неколку клучни работи на кои мора да обрнете внимание:
– Фотографијата од целото тело ги размножува љубовните пораки во Инбокс дури за 203 проценти.

– Посебна приказна е со „селфи“ фотографиите. Женските селфи фотографии го зголемуваат интересирањето  на спротивниот пол за четири одсто, а машките селфи фотографии го намалуваат интересирањето на жените за осум одсто. 
– Иако можеби мислевте дека фотографијата со вашето милениче ќе ја зголеми вашата популарност, всушност ситуацијата е сосема спротивна. Ако ставите своја фотографија со вашето домашно милениче, интересирањето за вас ќе падне дури за 53 одсто.
– Ако на профилите на момците се спомене зборот „разведен“, жените ќе им праќаат се повеќе пораки, а доколку жените изјават дека се разведени нивната популарност ќе падне за 8 проценти.
– Исто така, ако сакате успешен љубовен профил, бидете кратки и јасни во описот,  луѓето кои на своите профили се опишуваат на тој начин по правило се попопуларни за десет одсто.
– Ако напишете дека се занимавате со фитнес и музика, сте попопуларни за дури дваесет одсто, а уште една охрабрувачка работа за мачо фраерите е ако на жените им се обраќаат со форите како „ Еј мала“! Возвраќањето на пораките од тој тип расте дури за неверојатни 118 проценти. Според истражувањето на најпознатиот онлајн портал за допишување Match.com, доколку сакате да привлечете внимание кај потенциалните љубовни кандида

Пронајдете не на следниве мрежи: