Колку ќе ве чини дочекот на Нова Година во Скопје?!

Актуелното прашање „Каде за нова година?“ веројатно ви се мота низ глава уште еден месец пред нејзиниот дочек, но сепак до последен момент никој нема идеја каде, како, со кого…За некои подобро е Новата година да ја поминат во домашна и опуштена атмосфера, додека пак за оние кои сакаат луда забава и провод, најверојатно се размислуваат за некоја понуда од дискотеките или кафеаните кои се нудат низ градот.
Доколку вие се уште немате идеја каде да ја поминете ова Нова Година и за колку пари можете истото да го направите, ние имаме неколку идеи кои се надеваме ќе ве натераат да ја донесете вистинската одлука.
Дочек на Нова Година на Плоштад Македонија
Дочекот на Нова Година на Плоштад не е лоша идеја за големо семејство или оние кои се големо друштво…Тука нема плаќање на влезница и веројатно ќе си поминете најевтино од кое и да било друго место. На Плоштад секогаш има добра програма која ќе ви овозможи одлична забава. Со оглед на тоа што е декември месец ви препорачуваме добро да се облечете за да можете непречено да уживате во забавата.
Оваа 2014 година на Плоштад можете да ја дочекате заедно со Мустафа Имери, Тијана Дапчевиќ,  Калиопи и Роберт и Панки со почеток во 21 часот.
Дочек на Нова година во кафуле
Можеби некои ќе речат дека кафулето им е секојдневие, но сепак се работи за Нова Година. Во вашето омилено кафуле од прилика знаете какви луѓе ќе има околу вас, каква музика може да слушнете и каква забава можете да да очекувате.
Во скопските кафулиња цените се движат од 1.000 до 1.600 денари во зависност од тоа дали има во цената вклучено само пијалаци или и храна од типот на топли даски, ордевери и апетисани… Кое кафуле прво ви текна на памет? Можеби тоа е вистинското место за вас.
Ние ви предлагаме оваа нова година да ја дочекате на најспектакуларен начин во еден од најелитните бар-ресторани во градот „ DejaVu”. Загарантирано одличен провод, урбана музика, како и неограниченото пиење се неизбежни!
Карта за стоење 1200 денари, карти за висока маса ( мин 5 особи )-1400 денари, карти за (сепаре мин 10 особи и 6 особи) 1600 денари. Повеќе информации на следниот ЛИНК

 

Дочек на Нова Година во кафеана
Во кафеана најчесто се собираат оние кои се големо друштво и ја обожаваат народната музика. Најчесто кафеаните и рестораните нудат јадење и неограничено пиење по цена од 1500 до 2500 денари. Постојат големи шанси дочекот на Нова Година во кафеана да изгледа исто како на свадба придружено со ора и чочеци кршење чаши, па ако не сте љубител на сето ова ви препорачуваме добро да размислите.
Доколку се одлучите оваа нова година да ја поминете лудо и незаборавно, ние ви го предлагаме ресторанот  „Дај-Дам Христијан“. 
Цената на картите изнесува 1700 денари до 28 декември, а во последните 3 дена изнесува 2000 денари. Повеќе информации и резервации на следниот ЛИНК
Дочек на нова година во дискотека
Ако сте „сингл“ ова е идеалното место за вас. Во дискотека можете да се „изжуркате“ до бесвест да се изнаиграте и да нарачате пијачка по цена ништо поразлична од било која друга вечер. Се разбира освен ако немате резервирано коњопој или сепаре, па во таа цена имате вклучено неколку пијачки. Единствено нешто што може да ви пречи во дискотека е она доколку немате резервација, па морате цела вечер да ја престоите, а ова особено за женските може да претставува проблем, земајќи го во предвид фактот дека високите потпетици ќе ги „уништат“ нивните стапала.
Како и да е, цените по скопските дискотеки за најлудата новогодишна вечер се движат од околу 500 до 700 денари за влез, вклучувајќи само неколку пијалаци, а доколку резервирате сепаре или коњопој би ве чинело од 3000 – 5000 денари за целото сепаре со вклучен влез и неколку пијалаци. Доколку сте за луда забава не се двоумете…Изберете ја оваа опција!

 

Дочек на Нова година на Скопски Саем
Скопски Саем секогаш нуди одлична журка со сет од диџеи кои прават неверојатна атмосфера. Картите за на саем се движат околу 500 денари.
Дочек на Нова Година во домашна атмосфера
Доколку ја изберете оваа опција можете сами да одлучите каква музика ќе слушате, со кои  луѓе ќе бидете, каква храна и пијалаци ќе купите, а дури и можете цела вечер да си ја поминете во тренерки… Оваа варијанта дефинитивно ќе ве чини најевтино. Ако сте за домашна атмосфера почнете да размислувате кое ќе биде вашето друштво за Новогодишната вечер, и направете го списокот за купување пијалаци и јадење од вашиот најблизок супермаркет.
Тоа беа нашите предлози за оваа Нова година, се надеваме дека успеавме да ве натераме да размислите и според вашите можности да одлучите  каде најмногу се пронаоѓате. Направете си ваша математика и уживајте во Новогодишната вечер.За некои подобро е Новата година да ја поминат во домашна и опуштена атмосфера, додека пак за оние кои сакаат луда забава и провод, најверојатно се

Пронајдете не на следниве мрежи: