Пронајдена порака во шише од 1959 година

Во зафрлените делови на канадскиот Арктик, двајца истражувачи пронашле порака во шише, речиси 800 километри подалеку од најблиската населба. Пораката датира од далечната 1959 година.Двајцата истражувачи од Универзитетот на Квебек го истражувале работ на глечер на островот Ворд Хант, што е најблиската точка на Канада до Северниот пол, пренесува Halifax Chronicle Herald,
Помеѓу карпите откриле и порака во пластично шише, на која биле потпишани имињата Пол Вокер и Алберт Крери, кои се познати меѓу поларните геолози.
„Веднаш ги препознав имињата, бидејќи највисоката точка на островот Ворд Хант се вика Вокер Хил. Веќе десет години кампуваме на крајот на ова место“ – рекол Ворвик Винсент, директор на центарот за северни студии на универзитетот во Квебек.
Во времето кога пораката е напишана, Вокер бил 25-годишен геолог од Охајо, а Крери негов колега од Бостон.

 
Според пишувањето на Бизнис Инсајдер, авторите на пораката барале од наоѓачите повторно да ја измерат далечината помеѓу блиските карпи и рабовите на ледените платформи.
„Ве молиме повторно да ја измерите оддалеченоста и да ја пратите информацијата на адресата на Пол Вокер во Охајо“ – пишувало во пораката.
За жал, геологот никогаш не добил одговор на својата молба. Набргу добил мозочен удар после кој останал парализиран, а потоа и починал.
Канадските истражувачи го исполниле неговото барање и потврдиле дека работ на ледената платформа во тие 54 години се повлекол за 60 метри.
„Неверојатно е тоа што одлучил да остави порака токму на тоа место, бидејќи во текот на 50-тите било незамисливо дека мразот ќе се стопи. Ги прочитавме неговите последни зборови“ – рекол Винсент за Лос Анџелес Тајмс.Двајцата истражувачи од Универзитетот на Квебек го истражувале работ на глечер на островот Ворд Хант, што е најблиската точка на Канада до Севернио

Пронајдете не на следниве мрежи: