Писмото на Шопингхоличарката до Дедо Мраз

Прочитајте ги десетте новогодишни желби на Шопингхоличарката и одговорот на Дедото со црвена капа и бела брада.Драг Дедо Мраз,
Во овој период од годината, редовно ти пишувам од оваа адреса. Знаеш дека најчесто на листата има кукли, фустани за куклите, шминки за куклите, бебе, облека за бебето, реквизити за бебето, игри, пластелин, модли за пластелин, боици, тајни дневници, кутии за експерименти. Еднаш имавме и телескоп. Претпоставувам, јасно ти е дека не беа за мене?!
Моите желби досега сама си ги „хендлав“. И цела година, секоја година си поставувам новогодишни и тековногодишни одлуки, популарно наречени резолуции: ветувам дека нема да носам работа дома, дека сериозно ќе бидам на диета, ветувам помалку ќе спијам, ветувам дека ќе имам повеќе време за пријателите, ќе вежбам, подобро ќе го организирам времето, ќе ги одговорам сите наивно-комплицирани детски прашања, ветувам вечера со свеќи, вино и добар филм, ќе бидам храбра и ќе се испробам во еден екстремен спорт, ќе го оставам автомобилот и ќе одам пешки, ќе правиме воншколски експерименти…
Оваа година имам само една: сакам да уживам!
Овој список на желби е само мој, но како што знаеме и двајцата, од него може да има само колатерални придобивки за другите.
Прва: Дај ми прибежиште на локација каде што нема снег, кога сите ќе зборуваат за замрзнати улици, магла и студ, јас да ги топам ноџињата во море, да правам кули од песок и да гледам во сонце (фактор 50).
Втора: Сакам да патувам со стил, да не се гужвам по авиони, да не спијам по аеродромски фотељи, да не мирисам туѓи чорапи, да не морам да разговарам со сите кои си заборавиле книга за по пат. Сакам пијалок во убава чаша, јадење кое нема да ми предизвика тешки телесни повреди и филм со Чак Норис.
Трета: Старецу драг, спаси ме од стравот на секој родител кога патува со деца. Сакам дооолга забава која ќе ги држи ангажирани и задоволни.
Четврта: Смести ме во врвен хотел, во некое овоземско царство на хедонизмот! Потруди се да има големи меки перници, со дебели теписи во кои нозете се одмараат после 365 работни состаноци, спа во соба, масажа на тераса, цедени сокови, убиствен поглед и третман како Кери Бредшо и другарките (барем како што ги третираа во првата половина од филмот).
Петта: Однеси ме на шопинг од кој човек губи чувство со реалноста, брендови по небрендовски цени, ВИП влезови и филинг на црвен тепих.

Шеста: Дај ми избор на специјалитети од 100 светски кујни. Ок, ок… ветувам дека ќе пробам само 3, ама другите сакам да ги “јадам” со очи.
Седма: Сакам анимација за целото семејство, да пливаме со делфини, да летаме со падобран, да се искачуваме по јажиња, да бидеме пирати и да го откриваме скриеното богатство.
Осма: Како маж со маж крајно време е да зборуваш со мојот сопруг на темата подарок и скапоцени камења. Може да се ценка и преговара, колку подолго, толку полошо за него. Ќе му се оддолжам со ноќна тура на јахта и поглед кон градските светла.
Деветта: Најдобар дедо, направи да стојам на највисоката точка создадена од човекот и да викам: Јас сум кралот на светот (или кралица сеедно, се се тоа детали базирани на траумите од Титаник).
Десетта: Сакам искуство кое ќе биде безбедно за деца, воодушевувачко за тинејџери, предизвикувачко за возрасни, ослободувачко за жени, мотивирачко за мажи.
И да, сакам да побрзаш, зашто нема подобра шанса за нова шанса од Нова Година.

 

Мила моја,
Твоето новогодишно пакетче штотуку пристигна. Побрзо од што очекуваше, нели? Во твоја корист оди фактот дека само една локација на светот, ја обединува реализацијата на твоите желби.
Соодветна температура за бараното расположение, во овој период од годината има во Персискиот Залив. Благи температури, топло море, идеални услови за на плажа (фактор 50).
За подобро да се адаптирате на разликата во температура и време, Чак Норис и Expendables 2 ќе ве чекаат на најсофистицираниот лет, технолошки беспрекорен, удобен како омилениот фустан. Дали мислиш дека 800 часа забава, филмови, телевизија, музика и игри се доволен избор за кои било деца да отседат 300 минути на едно место?
Газењето по црвени, длабоки и меки теписи ќе ви стане препознатлива рутина, а најлуксузните хотели на светот и нивниот персонал ќе ви пружат таква услуга, со која ќе се почувствуваш како да си во роднински врски со кралското семејство.
Доколку ги напуштиш стереотипите и бидеш експедитивна во пакувањето, ќе го фатиш периодот на првиот месец од 2013 година, и ќе влезеш во рајското царство за секој шопингхоличар. Прошетај по Авенијата на модата и сите производи на светските брендови ќе ги гледаш со поинакви очи. Одблиску. Низ кесите во твоите раце.
Мажот на твојот живот ќе добие шанса да те воодушеви од изборот на злато и скапоцени камења на Голд Соук пазарот, но остави го да се докаже во преговорите за цената. Опциите се отворени, а мажите и трошењето пари за накит имаат историска врска.
Знам дека побара 100 различни кујни, но понудата од 180 традиционални јадења на сите националности кои живеат на ова место, не е за занемарување. Овде се отвора светот на храната.
Твоето семејство го очекува подводна авантура низ митскиот изгубен град во Atlantis The Palm, Плејнејшн ќе го подигне вашиот адреналин, АјФлај ќе ви даде можност на скокате со падобрани во затворен простор, ќе скијате на +25, а највозбудливите тобогани ќе ве превртат во Wild Wadi Waterpark.
Романтичната вечера на дното на морето ќе ве чека во Бурџ Ал Араб, а од врвот на највисоката зграда на светот Бурџ Калифа можеш да викаш колку сакаш. Повисоко и помоќно оттаму, едноставно не можеш да бидеш… освен ако не се викаш Феликс.
Дубаи е ултимативната дестинација на луксузот и уживањето, а твојата авантура веќе е букирана на www.flydubai.com.
Се чудиш? Разбирам. Јас сум личноста во која секое човечко суштество постаро од 7 години, се сомнева. Затоа следниот пат, внимавај што посакуваш – може да ти се оствари.Драг Дедо Мраз,
Во овој период од годината, редовно ти пишувам од оваа адреса. Знаеш дека најчесто на листата има кукли, фустани за куклите

Пронајдете не на следниве мрежи: