Еволуцијата на „Црвенкапа“

Црвенкапа можеби одела кон куќата на баба и, но антрополозите многу повеќе ги интересира од каде дошла и како приказната за неа се проширилаСо примена на математички модел, кој го користат биолозита за проучување на еволуцијата на видот, експертите успеале да направат некој вид „еволутивно дрво“ за популарната приказна, покажа студијата објавена во списокот „PLOS ONE“.
Проектот на чело со Џејми Техрани од англискиот Универзитет Дарам, покажа дека„Црвенкапа“ дели „корени“ со друга популарна народна приказна „Волкот и децата“.
– Тоа е како биолог кој покажува дека луѓето и мајмуните имаат исти претци, но се развиле во други видови, објасни тој.
– „Волкот и децата“ е приказни за волкот кој се маскира во коза и ги јаде нејзините деца. Приказната која поттекнува од првиот век била популарна во Европа и на Блискиот исток.
„Црвенкапа“ каде големиот и лош волк го јаде девојчето откако се преправил во нејзината баба, се појавила 1.000 години подоцна.

 
 
Приказната ја запишале браќата Грим во 19 век, но нејзините корени водат потекло од устните традиции на Франција, Австрија и северна Италија, откри Техрани. А вариации на тема можат да се слушнат во Африка и Азија, вклучувајќи ја и „Тигровата баба“ која се раскажува во Јапонија, Кина и Кореја. За да се открие историјата на приказната, Техрани користел метод кој се вика филогенетска анализа на 58 варијации приказни и се фокусирал на 72 варијабили, вклучувајќи и тоа дали главниот лик е момче или девојче, група или роднини, дали е лош волк, тигар или нешто друго, какви трикови користеле негативците и дали главниот лик преживеал.
Процесот подразбира да се даваат поени за секоја варијабила заснована на сличности со заедничко потекло. Тие поени подоцна се користени во правењето дрво кое покажува како се се ширела приказната, се менувала и разгранувала.
– Постои популарна теорија дека архаичната верзија на „Црвенкапа“ потекнува од кинеската орална традиција“ и од таму се проширила на запад, рече Техрани. – Мојата анализа покажува дека кинеската верзија е дериват на европската орална традиција“.
Техрани рече дека се надева дека неговата студија ќе фрли ново светло на миграторните шеми на древните луѓе.
МИАСо примена на математички модел, кој го користат биолозита за проучување на еволуцијата на видот, експертите успе

Пронајдете не на следниве мрежи: