Видео: Бугарите ја украдоа рекламата со „ендемски видови“

Бугарите не преземаат само наша музика, туку овој пат решиле и да ја копираат идејата на нашите добро познати реклами за промовирање и развој на туризмот во Македонија и да ја искористат за свои цели.
За новата реклама на бугарскиот мобилен оператор „Глобул“ со цел да се поттикне иницијативата за расчистување на Националните паркови во земјата,  украдена е идејата на реклами со „ендемски видови“ од кампањата на нашата владата за развој на туризмот во Македонија.
Овие реклами постигнаа голем успех меѓу публиката, но беа и негативно критикувани поради фактот што реклама која ги исмејуваа честите и секојдневни појави на нашиот простор нема да успее да привлече туристи во нашата земја, туку напротив, странците ќе добијат негативна слика и нема да се одлучат да ја посетат Македонија.
Погледнете како изгледа „нивната“ идеја за ендемски видови.
 

 

 
Бугарите не преземаат само наша музика, туку овој пат решиле и да ја копираат идејата на нашите добро познати реклами

Пронајдете не на следниве мрежи: