Екипажот на ISS 15 пати ќе ја дочека Новата година

Екипажот на Меѓународната вселенска станица (ISS) Новата година ќе ја пречека 15 пати, почнувајќи од попладне на 31-ви декември и завршувајќи на 1-ви јануари околу пладне, пренесува РИА Новости повикувајќи се на рускиот Центар за управување со летовите.Во моментов на ISS се наоѓаат астронаутите на руската вселенска агенција Роскосмос, Олег Новицки, Евгениј Тарелкин и Роман Романенко, астронаутите на американската агенција за вселенски истражувања NASA, Кевин Форд и Томас Машберн, како и астронаутот на Канадската космичка агенција Крис Хадфилд.

 

Според пресметката за балистиката на руските научници, екипажот на Меѓународната вселенска станица (ISS) ќе ја прослави Нова година првиот пат на 31-ви декември во 13.50 часот по македонско време кога ISS ќе биде над Нов Зеланд, а последниот пат на 1-ви јануари во 11.29 часот по македонско време, кога станицата ќе лета над Пацификот.

 

Претставникот на рускиот Центар за управување со летовите потсетува дека екипажот го поздрави Дедо Мраз на 27-ми декември за време на врската преку Центарот.

 

Од своја страна, шефот на истражувачкиот оддел на рускиот Институт за медицинско- биолошки проблеми РАН (ИМБП), Александар Агуреев, за агенцијата соопшти дека за време на новогодишната ноќ, кога сите членови на екипажот ќе се соберат заедно на маса, празничната трпеза ќе биде стандардна.

 

„Екипажот ќе ги користи продуктите кои пристигнаа со товарниот брод ‘Прогрес’ и кои неодамна ги пренесе на станицата екипажот Романенко, Машберн и Хадфелд кој пилотираше со леталото ‘Сојуз TMA-07M“, кои се состојат од свежо овошје и зеленчук, конзервирана риба“, вели Агуреев.

 

Пронајдете не на следниве мрежи: