Скокот на Баумгартнер на Ред Бул му донесе профит од шест милијарди долари

Историскиот скок на Феликс Баумгартнер од 39 километри височина, на Ред Бул му обезбеди профит од рекламите од шест милијарди долари. Тоа го потврди и Дитрих Матешиц, спонзор на скокот и основач на Ред Бул.

Исто така, како што истакна аналитичарот на брендови Герхард Хребизек, вложените 50 милиони долари донесоа 12.000 отсто добивка, пренесува Форбс.

Ред Бул има намера да има и долгорочна полза од историскиот скок. Така Еуробренд процени дека вредноста на Ред Бул досега беше околу 14 милијарди долари, а по скокот вредноста на оваа марка скокна на 17 милијарди долари.

Макфакс

 

Пронајдете не на следниве мрежи: