Почина првиот човек кој со месеци живееше без срце

Изминатиот викенд во Прага почина првиот човек кој веќе половина година живееше без срце, а работата на двете комори беше обезбедена со специјални пумпи, соопшти прашкиот Институт за клиничка и експериментална медицина.

Поради агресивниот малигнен тумор, лекарите мораа да му го отстранат цело срце на професионалниот пожарникар, триесет и седумгодишниот Јакуб Халик, а потоа за да го одржат во живот му вградиле две специјални пумпи.

Тие пумпи се користат во кардиологијата, но само еднострано, да ја заменат работата на едната срцева комора. Единствени, кои пред чешките кардиолози се впуштиле во таква операција биле лекарите од Хјустон во Тексас, но нивниот пациент почина по една недела.

„Пацинетот почина во саботата. Му откажа црниот дроб. Засега не знаеме зошто се случило тоа“ рече во среда за чешките медиуми кардиохирургот Јан Пирк, кој со своите колеги го оперираше Халик.

Кон крајот на август изгледало дека лекарите сепак се избориле за животот на Халик, откако анализите покажале дека нема метастази, поради што би можело да биде ставен на приоритетна листа на чекање за трансплантација на срце.

„Тоа е олеснување. Сега знам дека сите тестови се во ред и дека ме чекаат понатамошни чекори кон оздравување“ им рече на новинарите тогаш, насмеаниот Халик, кој благодарение на специјалната ташна за пумпи можел кратко да излегува надвор од болница.

Лекарите тогаш нагласија дека, без оглед на оптимизмот, животот на Халик е сепак загрозен до можни компликации.

Точната причина за компликациите лекарите ќе ја знаат за две недели, а Пирк рече дека сега може да се потврди дека проблемот не бил во пумпите и дека тие работеле исправно.

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: