Адресата на Депардје ќе биде на Улицата на демократијата

Славниот француски актер Жерар Депардје кој од неодамна има и руско државјанство, ќе биде пријавен на адреса на Улицата на демократијата во Саранск во руската република Мордовија, пишува агенцијата РИА Новости во петокот.„Жерар Депардје ќе биде пријавен на одредена адреса во Русија, како што наложува законот“, навел за агенцијата извор до републичките власти на Мордовија.Соговорникот прецизирал дека францускиот актер ќе биде пријавен на адресата на неговиот долгогодишен добар пријател, директорот на рускиот Фонд на филмските архиви, Николај Бородашев, кој потекнува од оваа област.Агенцијата наведува дека станува збор за адреса на „Улица на демократијата“ во Саранск, 650 километри источно од руската престолнина Москва.На почетокот од јануари годинава рускиот претседател Владимир Путин позитивно одговори на барањето на 64-годишниот Депардје и му го потпиша указот за добивање руско државјанство,откако актерот имаше јавна полемика со социјалистичкиот премиер на Франција Жан-Марк Еирол, кој го критикуваше поради неговата одлука да се пресели во белгиско село близу границата обвинувајќи го дека не е патриот и оти бега за да не плаќа данок.Заблагодарувајќи се на овој чин, Депардје ја нарече Русија „голема демократија“ од која „можат да учат“ неговите политички неистомисленици во неговата татковина, критикувајќи ги руската опозиција која се потпира на западот и членките Pussy Riot коишто за нивната неодобрена „панк молитва“ во централниот московски храм во која ја повикуваа мајката Божја „да го земе кај себе Путин“ добија затворски казни.Депардје притоа изјави дека не се одрекува од француското државјанство, како и дека сака да земе и белгиско.Депардје, кој во саботата ќе ја добие постојаната адреса во Саранск, е многу задоволен од станот во главниот град на републиката Мордовија, како што им рече тој на новинарите во петокот при неговата посетата на московскиот Бољшој театар.„.. Јас сум многу задоволен со станот во Саранск. Не би сакал да живеам во Москва, во Москва, има многу гужва.. Таму (во Саранск), мислам дека тоа ќе бидам поспокоен“, рекол Депардје.Како пример на тивко место, тој, исто така, ја смета населбата Белите столбови, каде што Државниот филмски фонд на Русија има парцели за осум куќи,  а како што пишуваше рускиот печат едната ја резервирал самиот Депардје.Иако во Саранск ќе доаѓа на викенди, актерот ветил дека ќе доаѓа често во Русија.„И се надевам дека ќе го научам рускиот јазик за да комуницирам со луѓето’, додал Депардје.
МакфаксСлавниот француски актер Жерар Депардје кој од неодамна има и руско државјанство, ќе биде пријавен на адреса на Улицат

Пронајдете не на следниве мрежи: