Албанскиот претседател Нишани не го потпиша новиот закон за територијална поделба

Албанскиот претседател Бујар Нишани не го потпиша  новиот Закон за територијана поделба на Албанија и го врати назад  за расправа во Собранието.
Овој закон кој е спорен и за Македонците во Албанија, не доби зелено светло  и се очекува наскоро за него повторна дебата во албанскиот законодавен дом.Ова е четврт закон кој не добива зелено светло од страна на претседателот во последната седмица , и покрај тоа што Собранието со мнозинство на левицата ги усвои законите  од сферата на полицијата, како и новата територијална поделба.
Но само триесетина минути по објавувањето на веста дека претседателот не го потпиша  законот, албанскиот премиер Еди Рама изјави дека декретот на претседателот мнозинството ќе го собори повторно и ќе го донесе законот.
Сепак  албанската опозиција и малцинствата во Албанија очекуваат дека  Рама не ќе може така лесно да го  изгласа законот за кој против е опозицијата, здружението на албанските општини, како  и малцинствата кои тврдат дека законот ги дискриминира.
Македонците во Албанија ја поздравија одлуката на претседателот Нишани и искажаа верба дека ќе има разбирање да дојде до промена на одредени решенија, особено во делот на основањето на општините каде малцинствата се во мнозинство, што се гарантира и со меѓународните конвенции.
Претставниците на Македонската Алијанса за Европска Интеграција нагласија дека ќе ја поддржат и опозицијата во насока на  примена на решенијата во понудениот закон за да останат општините каде Македонците се во мнозинство. Ако, пак, повторно Социјалистите кои се на власт го усвојат законот, тогаш има и уставен суд наведуваат тие.
Од друга страна, грчкото малцинство во Албанија најавува и референдум ако нема промени во новиот закон  во интерес на малцинствата. И претставниците на македонските невладини организации искажаа задоволство од одлуката на Нишани и веруваат дека оваа е голема победа на правдата. Претставниците на здружението Илинден од Тирана  оценуваат дека Владата сега ќе ги има предвид и правата на малцинствата .
Сепак албанските аналитичари не се оптимисти кога е во прашање промената на понудениот закон кој се врака назад на расправа од страна на претседателот на државата. Тие оценуваат дека  мнозинството составено од левицата во Собранието  и Владата во Тирана цврсто се решени да нема промени во законот за административно-територијалната поделба во Албанија.Ова е четврт закон кој не добива зелено светло од страна на претседателот во последната седмица , и покрај тоа што Собранието со мнозинство на леви

Пронајдете не на следниве мрежи: