Анефлур Калвенхар загина на местото каде што падна Шумахер

Холандската велосипедистка Анефлур Калвенхар, го загуби животот, откако им подлегна на повредите здобиени во квалификациите на Светското првенство во моунти бајк на француските Алпи.Анефлур, почина на интензивна нега во болницата во Гренобл и покрај тоа што докторите направија се за да и го спасат животот. Холанѓанката падна за време на трката во францускиот центар Марибел, по што веднаш била префрлена во Гренобл, но неколку часа подоцна починала.
-Сите сме многу потресни од оваа трагедја. Жал ми е што загубивме една добра млада велосипедистка. Сакам да му изразам сочувство на семејството на Анефлур. Ова е голема загуба за нејзиното семејство и со ништо не може да биде надоместена, изјави претседателот на Светската велосипедска федерација, Брајан Куксон.
На истото место пред осум месеци тешка повреда заработи и седукратниот светски шапион во Форула 1, Германецот Михаел Шумахер. Тој се повреди на скијање и беше неколку пати опериран во болницата во Гренобл, а неодамна е пренесен во центарот за рехабилитација во Лозана (Швајцарија).Анефлур, почина на интензивна нега во болницата во Гренобл и покрај тоа што докторите направија се за да и го спасат животот. Холанѓанката падна за

Пронајдете не на следниве мрежи: