Апелација подлегна на политичките притисоци од СДС и СЈО- судската одлука е само гола политика, изоставајќи ги правните аргументи

Македонската јавност изминативе денови е сведок на двојните аршини на судот. Апелациониот суд подлегна на политичките притисоци од СДС и СЈО, велат од ВМРО-ДПМНЕ.-Судот не ја исполни законската обврска дека судиите треба да одлучуваат врз основ на Уставот и законот Република Македонија. Наместо тоа дел од судиите на апелациониот суд решија да ја прекршуваат правдата и да се додворуваат на Заев и Јанева и центрите на моќ и со тоа се запишаа на темните страни на историјата. Со скандалозната одлука судот најдиректно го прекрши законот за кривична постапка, кој во член 12 став 2 вели максимално јасно и прецизно дека: „Доказите прибавени на незаконит начин или со кршење на слободите и правата утврдени со Уставот на Република Македонија, законот и меѓународните договори, како и доказите произлезени од нив, не можат да се користат и врз нив не може да се заснова судската одлука“, истакна Зоран Илиоски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.
Сведоци сме, додаде тој, дека одлуката на судот е само гола политика, изоставајќи ги правните аргументи.
-Ова е сериозен и незаконски преседан и отвора можност незаконски прибавени докази да бидат дел од постапката со што директно го прекрши законот за кривична постапка. Никаде во светот нелегално стекнати материјали не смее и не се користат во судски постапки. Тоа го има само во срамната одлука на Апелациониот суд. Спротивно на се што се учи на правниот факултет и се што се учи на сите правни факултети во светот, и на сето она што е како судска пракса и во Македонија и во светот. Од одлуката на апелација се срамат сите правници во државата, подвлече Илиоски.
Според него, очигледно е дека Зоран Заев целиот притисок врз судството го прави за да се спаси себеси за криминалите во кои е заглавен и во исто време да го попречи ВМРО-ДПМНЕ да му застане на патот на неговата деструктивна и антидржавна политика.
-Но нема да успее, за брзо следуваат промени, а неспособната влада на СДС нема да трае многу. Затоа на локалните избори СДС ќе биде поразен, и делегитимиран од граѓаните на Република Македонија. Секој мора да знае дека секој оној кој работи против Уставот и законот и ги крши истите за само да му се додвори на Заев ќе сноси одговорност и ќе одговара за своите постапки, додаде Илиоски.-Судот не ја исполни законската обврска дека судиите треба да одлучуваат врз основ на Уставот и законот Република Македонија. Наместо тоа дел од су

Пронајдете не на следниве мрежи: