Секира
Потребна е како орудие, а неприфатлива како оружје. Личноста родена во овој знак има голема жед за наука и челична желба. Тие кои ќе се посветат на истражување пд било од кој вид, постигнуваат фантастични резултати и успеси во својата струка.
Храбри и амбициозни, не знаат за препреки. Но, како луѓе се многу мирни, тоа се идеалисти кои сонуваат за свет без војни и сакаат еднаквост помеѓу луѓето. Во љубовта даваат, но и бараат едноставност, ситни вниманија и нежност.
Тоа можат да го најдат само со родените во знак на синџир и прачка.Многу лоши врски имаат со ножот, сабјата и арапскиот меч.
Синџир
Средновековно оружје, користено во ретки прилики. Личноста родена во овој знак е дипломат, сака благосостојба, убави работи, познати личности и е талентиран љубовник.
Знае да ги заведе луѓето и да ги наговори, може да биде добар водич.Ако видите некој маж да прави сто глупости за некоја жена, знајте дека жената е од овој знак. Многу голем дипломат е и се сложува наизглед со сите, а вешто прикрива со кого не се согласува. Сепак не ѝ се препорачува врска со топуз и боздоган.
Сабја
Иако е оружје за паради, може да биде многу опасно. Личноста родена во овој знак е предиспонирана да командува, бидејќи има природен авторитет, чувство за организација и задоволство да владее.
Сноб е и сака да доминира во монденско друштво, не сака осаменост, туку сака места во кои има бука. Во брак е добар родител. Се бори за семејството и сака да му пружи сѐ најдобро. Во љубовта сака оргиналност, жешки изјави и многу кавалерство кое го бара, но и го дава.
Добро се сложува со стрела и копје, а лошо со нож, секира, боздоган и топуз.
Копје
Личноста родена во овој знак е со интелектуална природа, луцидна и физички привлечна. Има богата фантазија, убаво зборува и добро се снаоѓа во секоја прилика и друштво.
Одлична улога на психолог. Маана е што се чуствува надмоќно, па многу бара од животот и се разочарува кога нема да ги постигне невозможните цели. Во љубовта сака да ја обожуваат, а ако не е така, се разочарува засекогаш. Не сака флертови.
Може добро да се согласува со џебен нож и кама, а лошо со прачка.
Прачка
Едно од најстарите оружја кои постојат денеска само како играчка за деца. Личноста родена во овој знак е креативен идеалист, интелегентна, но често паѓа во депресија. Се случува да се сомнева во себе и својата сила, потребна ѝ е помош во неволја од која не може сама да се извлече. Често е боем со распеана душа и сака да шета. Не ѝ одговара сигурност. Во љубовта е крајно романтична, сака страствено, но не само еднаш, бидејќи е со заљубљива природа.
Добро се сложува со стрела и арапски меч, а лошо со сабја и копје.
Стрела
Некогаш убиствено оружје, а денеска се користи во спортска дисциплина. Лицата родени во овој знак имаат силно изразена личност, интелект и голем талент кој оди до генијалност.
Немаат практичен дух и може да се случи да ја злоупотребуваат саканата личност материјално. Сите љубовни врски ѝ се претежно бурни, бидејќи љубовта ја сфаќаат на некој нејзин специфичен начин.
Добро се согласува со копје, синџир и секира, а лошо со нож и џебен нож.