Атланта без Антиќ забележа нова победа против Чикаго Булс

Екипата на Атланта продолжува со одличните игри и забележа нова победа овој пат против Чикаго Булс на домашен терен со 93:88.Ал Хорфорд со 21 поен, 10 скокови и 6 асистенции беше предводник на својот тим, додека Пол Милсеп уфрли 17 поени. Кај Чикаго се истакнаа Џими Батлер со 22 поени, Гибсон со 15 поени и 17 скокови, како и Пау Гасол со 13 поени и 12 скокови. Дерик Роуз немаше своја вечер, па натпреварот го заврши со 14 поени, со шут од игра 6 од 21 обид.
Македонскиот центар Перо Антиќ го немаше во составот на „Јастребите“, а за Атланта ова беше 17-ти триумф сезонава.
НБА резултати:
ЛА Клиперс – Детроит 113:91
Портланд – Сан Антонио 108:95
Феникс – Милвоки 94:96
Атланта – Чикаго 93:86
Торонто – Орландо 95:82
Индијана – ЛА Лејкерс 110:91
Кливленд – Шарлот 97:88
Филаделфија – Бостон 85:107
 Ал Хорфорд со 21 поен, 10 скокови и 6 асистенции беше предводник на својот тим, додека Пол Милсеп уфрли 17 поени. Кај Чикаго се истакнаа Џими Батле

Пронајдете не на следниве мрежи: