Атлетико Мадрид и Порто си земаа бројче во чекалната за Агим Ибраими

Словенечките медиуми шпекулираат дека интерес за нашиот репрезентативец веќе пријавиле Атлетико Мадрид и Порто.Шпански Атлетико Мадрид и португалски Порто се сериозно заинтересирани да во своите редови го доведат македонскиот фудбалски репрезентативец Агим Ибраими, пренесуваат словенечките медиуми.
„Фокусиран сум само на мојата игра во Марибор, не се занимавам со шпекулациите кои ме поврзуваат со трансфер во друг клуб. Знам дека постои интерес од Порто но немам ништо слушнато за Атлетико Мадрид. Не знам дали е тоа вистина, но ако постои интерес, кажете ми еден играч што не би сакал да игра во Атлетико Мадрид“ изјавил Ибраими по вчерашниот натпревар од плеј-оф фазата во Лигата на Шампиони, каде Марибор играше со чешки Плзен, словенечкиот тим со вкупен резултат 1-4 беше елиминиран од Лигата на Шампионите.
Извор: derbi.mk
Фото: www.prvaliga.siШпански Атлетико Мадрид и португалски Порто се сериозно заинтересирани да во своите редови го доведат македонскиот фуд

Пронајдете не на следниве мрежи: