Бакнав погрешен маж во клуб, а потоа судбината повторно не изненади!

„Зошто ме бакнува кога има жена и ќерка“, помислив додека ме стегаше со рацете околу струкот… Тој се смееше, јас бев во чудо, вечерта беше потполно неверојатна.Дека животот е потполно непредвидлив докажа таа сабота во мојот живот.
Наизглед уште едно обично излегување со пријателклите во еден белградски клуб кој го обожаваме се претвори во ноќ која никогасш нема да ја заборавам.
Играме, скокаме, сите се весели, вечерта минува одлично. Во еден момент се вртам да го викнам келнерот и чувствувам дека некој ме фаќа за половината и ме привлекува кон себе.
„Внимавај да не паднеш“, ми вели низ насмевка кој неодоливо потсетува на мојот пријател кој го обожавам, а кој не сум го видела со години, бидејќи се пресели во Австралија. Кога му го здогледав лицето, се зачудив бидејќи си помислив Боже откаде тој тука и кога се врати! Вреснав од среќа и му скокнав во прегратка!
Тој исто така делуваше воодушевено, и ме држеше во прегратка.
„Од каде ти тука?! Кога се врати? Зошто не се јави?, му реков, убедена дека разговарам со Марко, својот пријател.
„Па, тука сум со друштвото! Кога дојде?
Повторно му се фрлам во прегратка, пресреќна! Во тој момент почна мојата омилена песна, и бев уште посреќна, тој и понатаму не ме пушташе и се беше прекрасно. Чувството на познато е присутно, а зошто и да не биде кога јас и Марко се познаваме со години. Во еден момент Марко ме фати со двете раце за лицето и ме бакна. Во шок се тргнав и си помислив зошто ме бакнува кога има ќерка и жена. Тој- во насмевка, јас- во чудо.
-Чекај, кажи ми како се викаш!
– Бојан.
– Што? Сигурен ли си дека се викаш Марко?
– Сигурно, ми рече смешкајќи се.
Бран на срам ме обли во истиот момент. Почнав нервозно да се смеам и го покрив лицето со рацете.
-Извини морам да одам сега.
– Чекај, каде одиш?
– Одам, одам, одам, ти си некој друг, не, не, не…

Му ја тргнав раката и избегав. Седнав да се приберам, и гледав да не му бидам во близина. Но, во целата ситуација сфатив дека многу ми се допаѓа.
Ортидов кај него повторно и прво што ми кажа беше: „Еве ја мојата убавица , не видов каде ми избега“. Му објаснив за што се работи и двајцата почнавме да се смееме.
Продолживме да играме, повторно се бакнавме, вечерта беше прекрасна. Во еден моите пријателки одлучија да одиме во друг локал. Иако не сакав да се тргнам од него, морав да одам
-Земи го мојот број и барај ме кога сакаш и доколку сакаш, рече.
Ги разменивме броевите и отидовме.
Во другиот локал стигнавме за 20-ина минути. Како што влеговме, тргнавме кон делот за играње. Продолживме покарј шанкот, каде што стоеше тој кој се воодушеви што ме гледа.
-Чекај, како, откаде ти тука?- ме праша
– Откаде ТИ овде, зар не останавте таму?- го прашав.
-Судбина гледаш. Прекрасно.
Игравме до доцна во ноќта. Неговото и моето друштво прекарасно се вклопи, како секогаш да сме излегувале заедно. Ние двајца се слушнавме утре дента, и денот подоцна… сега сме веќе пет месеци во врска. И прекрасно.
Изгледа дека понекогаш и не е така лошо да бакнеш погрешно момче.Дека животот е потполно непредвидлив докажа таа сабота во мојот живот.
Наизглед уште едно обично излегување со пријателклите во еден белгра

Пронајдете не на следниве мрежи: