Бамбурците и оваа година дефилираа низ Ратево – Беровско

Со вековниот танц на најстрашните маски и нивните големи ѕвонци, ратевските бамбурци и годинава ги избркаа лошите духови од Малешевијата. Локалниот обичај во селото посветен на празникот св. Јован Крстител кој со векови живее во Ратево и оваа година ја продолжи традиција преку карневалското дефиле.Општина Берово веќе неколку години во соработка со месната заедница Ратево успешно вековниот обичај под маски го развива во карневал кој почива на традиционалниот обичај и го промовира како туристичка понуда од Малешевијата.
Карневалот за отворен го прогласи градоначалникот на оптшина Берово, додека свое обраќање имаа и претседателот на Здружението „Ратевски Бамбурци“ Атанас Валмарски и Бранко Брумен потпретседател на Европската федерација на карневалски градови.

 
На Ратевскиот карневал годинава продефилираа огромен број на маски од цела Македонија, Словенија, Србија, Црна Гора и Бугарија. За најдобра групна маска од страна на комисијата беше прогласена „Ратевски бамбурци“, додека првонаградена поединечна маска беше „Птицата преселница“.

 
Во културно-уметничкиот дел од програмата настапија КУД „Ратево“, КУД „Димитар Беровски“ од Берово и Кристијан Демјански.
Општина Берово веќе неколку години во соработка со месната заедница Ратево успешно вековниот обичај под маски го развива во карневал кој почива на

Пронајдете не на следниве мрежи: