Бесплатен влез за натпреварот на КК „МЗТ Скопје Аеродром“ во Среда

Во среда, 18.2.2015 година, натпреварот на КК „МЗТ Скопје Аеродром“ против КК „Работнички“ во СЦ „Јане Сандански“, со почеток од 18:30 часот, ќе биде бесплатен за сите жители на Општина Аеродром.Сите оние кои не се жители на Општина Аеродром, а се симпатизери на КК „МЗТ Скопје Аеродром“, на натпреварот ќе можат да влезат од страната на навивачката група, каде што од обезбедувањето ќе бидат пропуштени кон другите трибини на СЦ „Јане Сандански“. Истиот начин на функционирање ќе биде и за натпреварите од Купот на Македонија во кои КК „МЗТ Скопје Аеродром“ ќе учествува.
Со цел да се избегнат непотребните гужви, сите навивачи и симпатизери на КК „МЗТ Скопје Аеродром“, пожелно е во среда да дојдат барем еден час пред почетокот на натпреварот, како и со себе задолжително да носат документ за лична идентификација.Сите оние кои не се жители на Општина Аеродром, а се симпатизери на КК „МЗТ Скопје Аеродром“, на натпреварот ќе можат да влезат од

Пронајдете не на следниве мрежи: