Без грижи: Ако ги прави овие работи, НЕ значи дека ве ИЗНЕВЕРУВА!

Драги девојки, иако сите меѓусебно се разбираме и зборуваме на ист женски јазик, зарем не мислиме дека понекогаш и малку претеруваме? Овие работи не влегуваат во неверство и навистина не значат ништо лошо, па затоа немојте да се измачувате себе си и вашиот партнер.
1. Не ви одговара на СМС пораката за една минута
Дали знаете што значи ако партнерот не ви одговори на пораката веднаш? Тоа значи дека е зафатен. Не е здраво веднаш избрзано да донесувате заклучоци за тоа дека нешто не е во ред.
2. Излегува сам со пријателкаВо ред, ова е малку потешко кога ќе излезе сам со неа, тоа е предуслов за секс (или можеби не е). Сепак, две личности од спротивен пол МОЖАТ да излезат и да се дружат, а да не завршат голи во кревет. Ако му се лутите без доказ дека направил нешто, не сте фер и ќе го натерате следниот пат да ве излаже.
3. Тој едноставно има пријателкиПриказната дека пријателки на мажите им се само жени со кои сè уште не спиеле е мит. Еве лесен начин за да ја тестирате таа теорија: Дали вие сакате да спиете со своите машки пријатели? Е, токму така. Сите сме луѓе, а нашите пријатели стигнуваат во различни облици, големини, и да, дури и полови.

4. Сака да помине малку време без вас
На почетокот од врската секогаш поминуваме низ период кога одвај чекаме да излеземе од спалната соба и да се разделиме. Со тек на време на луѓето почнува да им треба нивен простор и време. Доколку досега сте излегувале секоја сабота, а сега тој сака да го избегне тоа, тоа не значи дека автоматски бара некоја нова девојка. Луѓето не се роботи и вам и нему ви е потребно да се адаптирате еден на друг како што со тек на време се менувате.
 
5. Му опаднала желбата за секс
Постојат милион причини поради кои тој не сака да „скокне“ во кревет. На пример, дали сте знаеле дека и на мажите хормоните им влијаат секој месец исто како и кај вас? Сепак, на жените ова често им е знак дека мажите сексот го добиваат на некое друго место. Не бараме да ја игнорирате досадата во спалната соба, но би требало да поразговарате со него пред да помислите на најлошото. Можеби станува збор за лесно решлив проблем.Овие работи не влегуваат во неверство и навистина не значат ништо лошо, па затоа немојте да се измачувате себе си и вашиот партнер.

Пронајдете не на следниве мрежи: