БЕЗ ТРОШКА СОВЕСТ: На осумгодишната ќеркичка и рекол дека ќе убие мајка и`!

„Прв пат беше уапсен кога беше осмо одделение. Тој и тогаш беше многу лош – разбојништва, тепачки… подоцна почна да се дрогира и работите станаа полоши. Се нема сменето ни по женидбата. Ја тепаше сопругата, го злоставуваше целото семејство“, раскажува низ солзи Љубиша Миловановиќ, таткото на Иван Миловановиќ (35), убиецот на Бојана Бачевиќ (27).„Ја сакав Бојана како да ми е родена ќерка. Таа живееше кај нас веќе 10 години. Додека Иван беше во затвор, поранешната снаа беше кај нас со ќеркичката“, се исповеда несреќниот татко.
„Тој лежеше во затвор година и пол дена, а она што го знам е дека за тоа време Бојана го посетуваше најмалку 5-6 пати. Таа навистина го сакаше мојот син, иако тој се однесуваше лошо кон неа. Не бев во состојба да го спречам тоа, бидејќи Иван е вистински насилник. Таа се разведе од него, но и понатаму одеше да го посетува. Со себе ја водеше и нивната осумгодишна ќерка“, вели таткото.
Сестрата близначка на Бојана се уште не може да се смири и да поверува дека нејзината сестра е убиена.

„Ја молев да не го посетува во затвор, но не ме слушаше. Многу го сакаше, иако тој непрестано ја тепаше. Нејзината ќерка ми кажа дека тој и се јавил на телефон и и` кажал дека ќе ја убие Бојана. Кога и го кажав тоа на сестра ми, таа само слатко се насмеа. Иако ја предупредував, таа не веруваше дека Иван е во состојба да ја убие“, плачејќи раскажува Бобана.
Бобана додаде дека не е точно дека Иван бил предизвикан со тоа што нејзината сестра му рекла дека детето ќе го однесе во Германија, бидејќи таа немала пасош.
„Лаже. Пробува да најде алиби. Сестра ми немаше пасош бидејќи свекорот и свекрвата се плашеа дека ќе го однесе детето. Таа секако дека планираше да избега од таа куќа и да проба да се снајде. Меѓутоа, не сакаше веднаш да ја однесе ќеркичката со себе“, се присетува Бобана.
„Неколку дена пред убиството имав лошо претчувство, ми се грчеше желудникот. Имам изгубено многу членови од семејството во скорешно време, а сега останав сосема сама без сестра ми. Бојана ќе ја закопаме покрај нашиот брат“, вели таа.„Ја сакав Бојана како да ми е родена ќерка. Таа живееше кај нас веќе 10 години. Додека Иван беше во затвор, поранешната снаа беше кај нас со

Пронајдете не на следниве мрежи: