Плетењето е повторно актуелно, но ако не сте баш вешти со иглите, ангажирајте ги своите прсти и како резултат ќе добиете ваква тренди и необична волнена огрлица. Таа е вистинки уникатна и сите ќе ве прашуваат од каде ви е!Потребно е:
– Волна (синтетичка или природна во боја по ваша желба)
– Чисти раце
Изработка:
1. Раширете ја дланката и свртете ја нагоре.
2. На почетокот на волницата направете јамка, па низ неа вовлечете го палецот од раката со која ќе плетете.
3. Волната провлечете ја под показалецот, а потоа над средниот прст, под до малиот, па врз него.
4. Продолжете ја постапката, но во спротивен правец, потоа под малиот прст, па над до малиот, под средниот прст, па над показалецот.
5. Потоа волната вратете ја кон малиот прст, но по долната страна на дланката и префрлете преку сите прсти.
6. Јамката на малиот прст полека повлечете ја према надвор и ставете прст, за да се провлече под натегнатата волна, па исправете го прстот.
7. Постапката повторете ја со сите прсти (освен палецот), за да добиете јамка околу секој прст, па затегнете.
8. Повторно волната провлечете ја под, па над дланкатаи повторете ја постапката со тоа што ќе ги свиткате прстите и плетењето може да започне.
9. Плетете со прстите додека не ја добиете посакуваната должина.
10. На крај, тргнете ја јамката од палецот и почетокот на волната лесно затегнете го додека волната не се состави и вашата плетена огрлица е готова.
Еве како изгледа тоа:
Потребно е:
– Волна (синтетичка или природна во боја по ваша желба)
– Чисти раце
Изработка: