Секоја земја има свои обичаи и традиции. Додуша, мора да признаеме дека некои од обичаите се потполно бизарни!Овие 15 обичаи од разни делови од светот ќе ве натераат да се запрашате во каков свет живееме.
1. Замислете ги најгнасните нешта на светот и замислете како вашите пријатели ги фрлаат на вас. Уште поужасно е што потоа ве врзуваат за дрво. Ова е типично за одредени делови на Шкотска. Се вели дека ако идната невеста го издржи сето тоа, може да го издржи и бракот.
2. Во Мавританија постои фарма каде идните невести се носат уште од мали нозе за да се здебелат и што е можно побрзо да се венчаат. Девојките се присилени да јадат. Ако повраќаат, ги присилуваат повторно да јадат, а ако не сакаат да јадат ги казнуваат. Ова популарно се нарекува „Леблу“.
3. Вдовиците во Гана мора да поминат вечер со странец за да се исчистат од духот на покојните сопрузи.
4. Момчињата од племето Самбиан во Нова Гвинеја, се држат подалеку од девојките додека растат. Тие се принудени да ја проголтаат семената течност од најмоќните воини од своето племе. Се смета дека тоа е битна работа при растењето на секој маж.
5. Идините невести во Кина мора да плачат секој ден по еден час, месец дена пред свадбата. Мајката ѝ се придружува 10 дена на идната млада, тогаш бабата, па секоја жена од семејството. Плачењето всушност треба да биде показател на радоста, затоа жените плачат во различни тонови – односно, плачењето звучи како песна.
6. Племето Неур во јужен Судан, смета дека бракот не е целосен ако жената не роди две деца. Ако жената не успее да роди две деца, мажот може да побара развод.
7. Во племето Масаи, во Кенија, таткото ја благословува ќерката така што плука на нејзината глава и градите, пред младоженецот да ја одведе од селото.
8. Кога невестата и младоженецот танцуваат, нозете на невестата мора постојано да бидат во воздух. Ирците веруваат дека лошите самовили ќе дојдат и ќе ја украдат невестата ако таа ги спушти стапалата на под.
9. По свадбата, во француска Полинезија, роднините на навесетата легнуваат на земја со лицата надолу, а невестата и младоженецот одат преку нив.
10. Во некои длеови на Индија, младоженецот мора да се собуе пред да застане на олтар. Тогаш настанува вистинска хаварија. Сватовите од страната на невестата се обидуваат да ги украдат, додека сватовите од страната на младоженецот се обидуваат да ги одбранат.
11. Иако ниедна држава на светот не прифаќа бракови помеѓу луѓе и животни, тие често се практикуваат за да се избркаат лошите духови, каков што е случајот во Индија.
12. Племе во Нова Гвинеја им дозволува на деца од 6 години да стапат во брак. Дозволено им е да имаат пред брак, но затоа не смеат да делат оброци додека не се венчани.
13. Невестата и младоженецот во Конго мора да бидат сериозни додека трае свадбената церемонија, бидејќи бракот треба да се сфати сериозно.
14. Кога свадбата е завршена во Јужна Кореја, пријателите на младоженецот му ги соблекуваат чорапите и го удираат со риби за да го подготват за првата брачна ноќ.
15. Носење бела боја. Се верува дека оваа традиција на западот почнува со мажачката на кралицата Викторија за принц Алберт. Ова на сите им било конфузно, бидејќи белата облека во тоа време означувала жалост.Овие 15 обичаи од разни делови од светот ќе ве натераат да се запрашате во каков свет живееме.
1. Замислете ги најгнасните



