БОЛИ ГЛАВА: Ова се највкусните кифлички со павлака!

Сакате нешто да приготвите вечерва, ви се јаде нешто вкусно и неодоливо. Имаме предлог за вас, а тоа се меки кифлички со павлака, кои морате задолжително да ги пробате.Состојки:
600 g брашно
1 прашок за печиво
1 лажичка сол
100 ml масло
1 чаша кисела павлака
200 ml топло млеко
1 коцка свеж квасец
1 лажица шеќер
Жолчка, сусам и зачини за премачкување
Подготовка:Помешајте го топлото млеко со квасецот и шеќерот и оставете ги да се запенат и подигнат. Во садот во кој ќе ги месите кифличките, помешајте брашно, прашок за печиво, сол и додајте масло. На крај, измешајте ја павлаката, а потоа додајте го и квасецот. Замесете мазно тесто и веднаш поделете го на 4 дела. Секој дел израмнете го на маса и со сукало истенчете го до половина сантиметар дебелина. Исечете 8 триаголници, наполнете ги по желба или оставете ги празни, па свиткајте ги кифличките. Распоредете ги на тава за печење, премачкајте со жолчка од јајце и проросете зачини. Печете 15 минути, додека не заруменат.Состојки:
600 g брашно
1 прашок за печиво
1 лажичка сол
100 ml масло
1 чаша кисела павлака

Пронајдете не на следниве мрежи: