БОЛНА ИСПОВЕД: Ми го украдоа бебето на породување, а лажат дека е мртво

Поминаа пет месеци откако се породив во Вишеградска болница, и тогаш ми кажаа дека моето бебе починало на породување. Сепак, јас знам дека тоа не е вистина и уверена сум дека мојата ќерка и понатаму е жива, вели Ратка Рачиќ од Рашка.Ратка на 17-ти март се породила во Вишеградска во Белград, бидејќи во Рашка нема гинеколошка клиника на која би можела да ја води својата бременост. Мислела дека во главниот град ќе има подобар третман.
„Бременоста течеше сосема нормално, но јас редовно одев на контрола бидејќи сум родена со споени прсти, па стравуваа дека и детето би можело  да има некакви проблеми. За среќа, бебето беше здраво, а бременоста до последен момент течеше по план. А потоа на 17-ти март, лекарите во ГАК Вишеградска одлучија дека сепак треба да се породам со царски рез“, се присетува Ратка.
Иако од 10 часот наутро ја чекале да се породи природно без никакви индукции, дури во шест попладне одлучиле да ја стават под тотална анестезија и извршиле породување со царски рез.
„Пред тоа докторот ми го пукна воденикот и имаше бела боја, како што треба. Потоа ме ставија под тотална анесезија, а кога се разбудив, дојде докторката и ми кажа дека моето бебе починало“.
Не сакала да го види своето мртво дете за да не ѝ остане такво во сеќавање, но знае дека ѝ кажале дека било девојче. ѝ кажале дека мора да потпише официјално дека не сака да го види бебето.

 
„Онака зашеметена по анестезијата, потпишав се што ми дадоа. Дури потоа кога моето семејство дошло да го земе телото на детето за да го погребаат, им било кажано дека јас воедно сум потпишала согласност болницата да го погреба. Тоа веднаш ни беше сомнително, а се стана уште позамрсено кога видовме дека на обдукциските наоди неколку пати пишува дека се работи за девојче, а на задната страна од истиот документ со големи букви нагласено е дека е момче“.
Потоа од 17-ти март била во потполна изолација, а првите два дена не можела ниту да се слушне со родителите за да им јави што се случува.
„Знам и чувствувам дека моето бебе е живо, стравувам дека ја продале некаде во странство. Ова се уште е многу свежо и болно, но имам сили да продолжам да се борам, бидејќи верувам дека еден ден повторно ќе ја видам својата ќерка. Поднесов пријава до обвинителството и сега чекаме одобрение  за ексхумација за лично, независно од државата да направам ДНК анализа. Сигурна сум дека тоа ќе покаже дека во гробното место не се наоѓа моето дете“.
Ратка вели дека нејзината приказна не е единствена, а тоа го потврдува и Владимир Чичаревиќ од Здружението за родители на украдени бебиња. Според неговите зборови невозможно е да се утврди точно колку бебиња се исчезнати, но се претпоставува  дека за претходните 4 децении тој број надминува 10.000 бебеиња, а би можел, вели, да биде и поголем.Ратка на 17-ти март се породила во Вишеградска во Белград, бидејќи во Рашка нема гинеколошка клиника на која би можела да ја води својата бременост

Пронајдете не на следниве мрежи: