Колку и да звучи неверојатно, за само пет минути можете да подготвите вкусен чоколаден колач.Потребни состојки:● 1 голем филџан● 4 лажици брашно● 2 лажици шеќер● 2 лажици како● 1 јајце● 3 лажици млеко● 3 лажици масло● ½ лажица екстракт од ванила● Мали парчиња чоколадо или друг додаток по желба
Подготовка:Најпрво, сите суви состојки, поточно брашното, шеќерот, какаото и парчињата чоколадо помешајте ги во филџанот, а потоа додадете го јајцето и сето тоа заедно добро измешајте го.
Потоа во смесата додадете го млекото, маслото и екстрактот од ванила, па шолјата со подготвената смеса ставете ја во микробрановата печка и почекајте да нарасне во следните три минути, на највисоката температура.
Готовиот колач ќе нарасне до врвот на шолјата, а откако ќе биде готов, оставете го малку да се олади и послужете.
Секако, подгответе и за вашите најблиски и сигурно тоа ќе биде и вашиот нов омилен десерт со кој ќе се заблажувате секогаш кога сакате да каснете нешто благо, во најбрзо можно време. Добар апетит!
Потребни состојки:● 1 голем филџан● 4 лажици брашно● 2 лажици шеќер● 2 лажици како● 1 јајце