БРЗА И ЛЕСНА: Чоколадна торта без брашно!

После овој рецепт слободно ќе може да се пофалите пред сите кои го делат мислењето дека „не ве бива за готвење.

“Без брашно и посебни вештини, оваа чоколадна торта е готова додека трепнете.
Состојки:
340g путер
340g шеќер во прав
10 јајца
160g чоколадо со најмалку 40% какао
160g мелени ореви
3 лажици какао

БРЗА И ЛЕСНА: Чоколадна торта без брашно!

Подготовка:
Стопете половина од путерот, додајте 170g од шеќерот во прав и добро мешајте со миксер. 80g oд чоколадото истопете на пареа. Во меѓувреме одвојте ги жолчките и белките од 5 јајца.
Жолчките додавајте ги една по една во смесата со путер и шеќер, а потоа додадете го и стопеното чоколадо. На крај додадете 80g од мелените ореви и 1ипол лажица какао.

Белките изматете ги во снег и лажица во лажица додавајте во претходната смеса со лесно мешање.
Рерната загрејте ја на 180 степени, смесата ставете ја во калап и печете 20-25 минути.
Вториот дел од тортата се прави на ист начин, со тоа што не се пече туку се вари. На тој начин добива кремаста текстура.Изматете 5 цели јајца со 170g шеќер во прав и 1ипол лажица какао.

Варете на пареа околу 20 минути со често мешање.

Во садот додадете го чоколадото, растопете со мешање. Тргнете од пареа и додадете го преостанатиот путер и повторно мешајте додека не се соедини. На крајот додадете ги оревите.
Топлата смеса прелијте ја околу печениот бисквит, оставете неколку часа да се олади, па послужете. Може да ставите и шлаг пена или матена хопла.Без брашно и посебни вештини, оваа чоколадна торта е готова додека трепнете.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.