четврток, 12 ноември 2026
Најново

Брза пролетна торта што не се пече

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Совршена брза торта за првите пролетни денови што може да ја направи секој, а најдобро од сѐ е што не треба да се пече.Потребни состојки:
200 гр мелени бисквити или кекс
100 гр стопен путер
1 банана
2 киви
50 мл сок од портокал
Малку малини или јагоди и екстракт од малина/јагода
200 гр крем сирење
200 гр шлаг пена
Подготовка:
Во мелените бисквити додадете го стопениот путер и добро измешајте за да се соедини смесата. Потоа распоредете ја на дното и по страните на мал ребрест плех. Оставете го половина час во замрзнувач.
Изматете ги пенасто крем сирењето и половина од шлагот. Поделете ја смесата на три дела. Во првиот дел ставете ја згмечената банана, во втората малините/јагодите и екстрактот, а во третиот сечканите киви.
Наредете ги филовите еден врз друг или еден до друг, по желба, врз оладената кора. Украсете по желба со остатокот од шлагот и парчиња овошје. Чувајте ја тортата во замрзнувач два часа, а потоа сервирајте ја.Потребни состојки:
200 гр мелени бисквити или кекс
100 гр стопен путер
1 банана
2 киви
50 мл сок од портока

Поврзани вести