Брзи крокети!

Подгответе крокети од компири во рекордно време со помош на овој рецепт.Приредете им на вашите најмили слатка закуска, за кратко време!
Потребни состојки:
– 700 г компири
– 150 г брашно
– 40 г маргарин
– 1 лажица сув зачин
– 2 жолчки
– 100 г кашкавал
– 2 јајца
– 200 г брашно
– 200 г презла
– 200 г шунка
Подготовка:
Компирот сварете го заедно со лушпата. Варениот компир изладете го, излупете го и испасирајте го. Во испасираниот компир додадете лажица зачин, брашно, омекнат маргарин и две жолчки. Замесете тесто. По потреба додадете уште брашно.
Во тестото додадете шунка исецкана на коцкички. Кашкавалот исечете го на тенки стапчиња. Со лажица (која при секоја употреба треба да ја натопите во масло), тестото ставете го на рака. Малку сплескајте го и ставајте по едно стапче кашкавал. Со помош на брашно формирајте крокети.
За поховање, во една чинија изматете јајце, во друга ставете брашно, а во трета презла. Крокетите прво извалкајте ги во брашно, па во јајце и на крај во презла. Пржете ги во многу зејтин, на средна температура.
Пржените крокети, кога ќе поруменат, ставете ги на кујнска хартија, за да се впие вишокот маснотија.
Послужете ги топли, со прилог од Тартар сос.Приредете им на вашите најмили слатка закуска, за кратко време!
Потребни состојки:
– 700 г компири
– 150 г

Пронајдете не на следниве мрежи: