Брзо и без печење: ЧОКОЛАДНА КЕКС ТОРТА

Ви претставуваме рецепт за фантастична кекс торта, која брзо се прави, а вкусот е неодолив!Изненадете ги вашите најмили со овој превкусен десерт!
Состојки
– 500 мл млеко
– 2 пудинзи од чоколадо
– 3 лажици шеќер
– 100 г чоколадо за готвење
– 250 г путер
– 4 жолчки
– 200 г шеќер во прав
– лажица како во прав
– околу 600 г кекс
– околу 350 мл сварено кафе
– шлаг крема од чоколадо
– два реда темно чоколадо
Подготовка
Во 500 мл млеко, стопете чоколадо и сварете со пудинг изматен со шеќер и малку млеко. Покријте со фолија и оставете да се олади на собна температура.
Изматете ги во пена жолчките со шеќер во прав, додадете како и мешајте на пареа околу десет минути. Оставете да се олади, па соединете со сматен путер.
Соединете ги двата фила и мешајте со миксер на голема брзина да се добие мазна и хомогена смеса. Оставете петнаесет минути во фрижидер, пред да филувате.
Кексот натопете го во ладно кафе, наредете 5×4, филувајте така четири реда кекс и три реда фил. На врвот ставете шлаг крема од чоколадо и рендано чоколадо.
Уживајте!Изненадете ги вашите најмили со овој превкусен десерт!
Состојки
– 500 мл млеко
– 2 пудинзи од чоколадо

Пронајдете не на следниве мрежи: