Брзо и вкусно: Кралска погача

Потребни состојки за тесто:
1 кг брашно
250 мл млеко
250 мл вода
1 коцка свеж квасец
1 лажица шеќер
2 лажички сол
50 мл масло
1 лажица оцет
2 јајца
ФИЛ:
100 г шунка по избор
150 г кашкавал/сирење
3 лажици ајвар
2 јајца
150 г блитва или спанаќ
За премачкување на корите: 150 г путер/маргарин
Постапка:
1.замесете тесто од наведените намирници. Оставете го тестото 15 минути, да одмори. Потоа поделете го тестото на 11 топчиња. Развлечете ги топчињата во величина на поголема чинија, ставете малку рендан или растопен путер/маргарин, па составете по две развлечени топчиња. Ќе добиете само една кора која е составена од три топчиња, тоа е петтата кора која се развлекува со величина на плехот и се става прва врз него.
Се сечка блитвата без претходно да ја обарите, се става едно јајце и малку сирење, се посолува и добро се промешува. Половина од смесата се истура врз првата кора.
2.Потоа се развлекува втората кора (со две топчиња), се става намаз од сирење и јајце, па преку сирењето се реди шунка.
3.Потоа се реди третата кора, а преку неа се мачкаат три лажици ајвар.
4.На ред доаѓа четвртата кора преку која се реди втората половина од блитвата.
5.Одозгора се става петтата кора. Целата пита ја сечеме во коцки и ја премачкуваме со павлака и јајца и веднаш ја печеме.
6.Погачата се пече 40 минути на 200 степени. Прво ја печеме 20 минути, а потоа уште 20 минути, ама покриена со хартија за печење (печењето многу зависи од рерната).Величина на плехот е 34х22. се послужува со јогурт или кисело млеко…фантастична е….Потребни состојки за тесто:
1 кг брашно
250 мл млеко
250 мл вода
1 коцка свеж квасец
1 лажица шеќер

Пронајдете не на следниве мрежи: