Брзо и вкусно: Печени тиквички

Loading...

За  млади и зафатени  домаќинки кои  не поминуваат  многу време во кујна!Состојки:
3 тиквици (малку поголеми)
2 лажици маслиново масло
3 млад кромид
босилек
150 гр изрендано сирење (ајдемер)
2 јајца
100 мл павлака за готвење
2 чешниња лук
малку мускантно оревче
сол, бибер
по желба магдонос
2 лажици пармезан
Погледнете ја постапката на приготвување на следната страна:
Подготовка:
1. Загрејте ја рерната на 200 С.
Тиквиците измијте ги, исушете и сечете ги на тенки кругови. Посолете.
Изрендајте го младиот кромид, насечкајте го босилекот и изрендајте го сирењето. 
Ако тиквиците пуштиле вода, малку исцедете ги и потоа помешајте ги со кромидот, босилекот и сирењето.
Садот за печење премачкајте го со оние 2 лажици масло, па во него распоредете ги подготвените тиквици.
Изматете ги јајцата, ставете ја павлаката за готвење, ситно исецканиот лук, малку посолете и забиберите па додадете малку од мускантното оревче. Прелијте преку тиквиците.
Печете во рерна 15-тина минути па потоа ставете пармезан и допечете уште некои 5 минути за да добиете румена боја.
Наместо тиквици, на истиот начин може да подготвите модар патлиџан.Состојки:
3 тиквици (малку поголеми)
2 лажици маслиново масло
3 млад кромид
босилек
150 гр

loading...