Брзо и вкусно! Пилешки крокети

Ова е одличен  начин да се искористи преостанатото пилешко месо и да се направат вкусни топчиња кои ги обожаваат сите. За поздрава варијанта, наместо да ги пржите може да ги испечете во рернаСостојки:
3 лажици путер
3 лажици брашно
½ чаша млеко
½ чаша пилешки бујон
1 чаша варено ситно сечкано пилешко месо
1 чешне лук по желба
1 мала лажичка зачин за пилешко месо
1 мала лажичка магдонос
индиско оревче по вкус
½ мала лажчка црвена пипер
½ мала лажичка ким
сол и црн пипер по вкус.
За панирање:
2 јајца
1 мала чаша брашно
1 ½ мала чаша лебни трошки.
Подготовка:
Пилешкото месо се вари со пилешкиот бујон и зачините. Штом се свари, се цеди, се чисти од коските и се сечка ситно, или пасира. Сечканото месо може да се запржи со малку масло, 1 чешне лук и зачини за пилешко месо.
 Путерот се става во тенџере на средно силен оган и се топи. Во растопениот путер се додаваат лажиците брашно и се меша за време од околу една минута, при што се внимава брашното да не добие кафеава боја.
Во тенџерето постепено се додаваат млекото и пилешкиот бујон, и со постојано мешање се вари околу 4 до 5 минути, а може и повеќе за да се добие густ бешамел сос. За најдобро разбирање на постапката и подготовка на бешамел сос без грутчиња прочитајте тука.
Тенџерето со бешамел сосот се трга од огнот и се остава да се излади за време од 10 минути. Потоа се додава ситно сечканото пилешко месо, се зачинува со ким, индиско оревче и други зачини по желба. Сместа се става во фрижидер за време од 2 до 3 часа или преку ноќ.
 Потоа се формираат крокети, кои прво се валкаат во брашно, потоа во изматено јајце и на крај во лебните трошки. Формираните пилешки крокети се ставаат во фрижидер за време од 30 минути, пред пржењето.
Се пржат во загреано масло додека добијат златеста боја. Пржените пилешки крокети се вадат врз кујнска хартија за да се впие вишокот на масло. Се служат додека се топли. На здравје!Состојки:
3 лажици путер
3 лажици брашно
½ чаша млеко
½ чаша пилешки бујон
1 чаша варено ситн

Пронајдете не на следниве мрежи: