Чавков: Да се одземат возилата и незаконски унапредените да се вратат назад

Заменикот министер за внатрешни работи, Митко Чавков утрово преку телеграма ги извести директорите на Бирото за јавна безбедност и на Управата за безбедност и контраразузнавање дека се должни веднаш да ја спроведат одлуката на Управниот суд и да ги вратат на старите работни позиции партиските кадри на СДСМ кои Оливер Спасовски ги инсталираше во полицијата.„Во тој контекст, задолжени сте ВЕДНАШ да ја воспоставите претходната состојба во Бирото за јавна безбедност и Управата за безбедност и контраразузнвање каква што била пред донесувањето на цитираните решенија за именување, разрешување и распоредување, што вклучително подразбира и примопредавање на работните простории, материјално-техничките средства и документацијата од страна на припадниците на Министерството за внатрешни работи за чии Решенија за именување или распоредување е воспоставена судска забрана за преземање на дејствија се до правосилноста на одлуката по тужбите поднесени од дополнителниот заменик министер за внатрешни работи.  “ – стои во телеграмата од Чавков.
 Чавков потенцира дека незаконски унапредените кадри треба да ги вратат во првобитна состојба и работните простории, документацијата и возилата кои ги користеле.
„Укажуваме дека ова задолжение се однесува и на работните простории, материјално-техничките средства и документацијата кои што се должат од страна на припадниците на Министерството за внатрешни работи чии Решенија за именување или распоредување се однесуваат на организациони единици во надлежност на министерот за внатрешни работи, а во врска и по повод кои од страна на Управниот суд на Република Македонија е донесена забрана за преземање на дејствија“  – стои во телеграмата.
 

Управниот суд вчера ги стави вон сила сите 29 решенија кои ден пред Нова година ги донесе техничкиот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски. Судот практично ја прифати тужбата на заменикот министер Митко Чавков и изрече времена мерка со која тие се ништовни се до донесувањето на конечната пресуда.
5 од поништените решенија се незаконските разрешувања на началниците на секторите за внатрешни работи Скопје, Куманово, Битола, Штип и Охрид.
Со одлуката автоматски се поништуваат и решенијата со кои Спасовски незаконски си назначи нови началници.
Истото важи и за разрешениот Началник на Одделението за полиција во Охрид каде Спасовски постави свој човек против кого се водеше дисциплинска постапка.
Освен началничките, Управниот суд со времена мерка ги стави вон сила и незаконските решенија на Оливер Спасовски со кои спротивно на системот на кариера воспоставен во полицијата, беа унапредени уште 17 лица, партиски кадри на СДСМ. Некои од нив од страна на Спасовски, незаконски беа подигнати и по 7 нивоа во хиерархијата на Министерството. Таков беше примерот со сопругот на Фросина Ременски кој од инспектор во ПС Гази Баба пред Нова година доби решение со кое беше прераспореден во кабинетот на Директорот на УБК. Подеднакво скандалозно беше унапредувањето на неколку нивоа на вработен во МВР кој со првостепена пресуда беше осуден на неколкугодишна казан затвор за случајот Шпион.„Во тој контекст, задолжени сте ВЕДНАШ да ја воспоставите претходната состојба во Бирото за јавна безбедност и Управата за безбедност и контр

Пронајдете не на следниве мрежи: