Приказната за черепот од Силенд не е претерано стара. Черепот е откриен во 2007 година во малечкиот град Олстик, на данскиот остров Силенд. Го пронашол човек кој бил изнајмен да замени цевки на еден имот.На почетокот се мислело дека станува збор за череп од коњ, бидејќи претходниот сопственик на имотот бил месар и продавал коњско месо. Дури кога черепот малку бил исчистен, се испоставило дека сепак не е коњски.
Черепот подоцна бил пратен до Институтот Нилс Бор во Копенхаген. Научниците не успеале да дојдат до детали за потеклото на черепот, но дошле до едно клучно откритие. Преку тестирање со јаглероден изотоп, било откриено дека черепот е стар скоро илјада години.
Се проценува дека ова суштество живеело помеѓу 1200. и 1280. година. Со понатамошно ископување на наоѓалиштето не било откриени ништо ново, што навистина го наметнува прашањето: каде е остатокот од скелетот?
Некои велат дека черепот потекнува од Париз, Минхен, па можеби и од Балканот. Локалните жители спомнуваат извесен неолитски клан кој себеси се нарекува Редот на светлината на Пегаз. Се наведува дека тие чуваат разни предмети од поголемо значење, како и дека го чувале овој мистериозен череп. За овој клан не се знае многу, освен дека е основан во 1350 година и дека меѓу неговите членови биле Вилијам Шекспир, Х. Г. Велс и Томас Џеферсон.
Кога черепот од Силенд ќе се спореди со просечен човечки череп, веднаш се забележуваат значајни разлики. Покрај тоа што е поголем, черепот од Силенд има и поголеми очни шуплини. Ноздрите се помали, а брадата е потесна. Черепот од Силенд е многу мазен на допир, што можеби укажува на тоа дека ова суштество се навикнало на поладно окружување, па можеби и ноќно битисување.
Како што истражувањата течат понатаму, сѐ поголем број луѓе се убедени дека станува збор за череп од вонземјанско суштество кое починалао пред скоро еден милениум. Можеби тоа е скелет на колонистите од некоја друга планета? Кога би се пронашле остатоците од скелетот, можеби би постоела можност да се дојде до одговор, а можеби би се наметнале нови прашања.На почетокот се мислело дека станува збор за череп од коњ, бидејќи претходниот сопственик на имотот бил месар и продавал коњско месо. Дури кога чер