Чилиманов: Во одбрана на колонијализмот

Loading...

Да имаше Нобелова награда за најпогрешен, најпромашен, изгубен во Вселената текст, од автор кој дека е неинформиран, туку напротив е темелно и детално, но ЛОШО информиран, значи текст полн со грешки кои не се должат на незнаење туку на систематско маринирање во сос од неточни информации, дезинформации, идеолошки изкривиколчени погледи и ставови и факти кои со чекан се мавани додека со сила не се вклопат во однапред поставениот начин на гледање на светот… оваа Сандра ќе можеше слободно да си го резервира билетот за свеченото врачување на наградата во Стокхолм преку Визер (кошта 1.500 денари ако резервираш одма за врачувањето на наградите во декември).https://off.net.mk/bavchi/sandra/pa-neli-tito-ni-veleshe-da-gi-hranime-gladnite-od-etiopija-shto-e-sega Ок, деновиве дефинитивно имаме проблем, бидејќи откако бројките на бегалци на границата пораснаа од неколку стотици на неколку илјади дневно, и не можеме веќе да ја игнорираме ситуацијата како досега, а не можеме ниту да ја решиме бргу и лесно, бидејќи Грција решила сите бегалци да ги бутка само кон нашата граница и тоа илегално, а на ЕУ и е полесно да вика по нас отколку да помогне, и затоа, нормално, време е да почнеме со барање виновници. Сандра, се разбира, вината ја лоцира во Америка, како истурен експонент на западниот, англо-саксонски крстоносен колонијализам, кој го растурил идиличниот свет наневрзаните, братски и социјалистички арапски држави и ја предизвикала бегалската криза.
Знам дека џабе ми е ова што го пишувам. Веќе доволно долго време се обидувам да протуркам одредени тези преку социјалните мрежи, блогови и Те-Ве и досега сум забележал дека немаме проблем да се согласиме околу предностите на пазарната економија (дискусијата по овие прашања особено тече по неколку добро распоредени фејсбук блокови). Со малку труд, можеме да се согласиме и за важноста да се бранат и промовираат семејните вредности наспроти левичарската промоција на пост-фамилијарните вредности (во овие дискусии обратно, морам да изблокирам или бришам коментари на луѓе кои мислат дека семејните вредности се бранат со физичко насилство врз луѓе кои не ги споделуваат истите). Како и да е, кога разговараме здрворазумски и со бројки, лесно е да се постават и одбранат конзервативните (прозападните) тези и погледи во областа на фискалните и општествените (социјалните, семејните, фискалните) прашања. Но, за прашањата од историјата… Мајко моја. Тука едноставно нема разбирачка. Нема шанси да се разбереме како нормални луѓе. Дури и луѓето кои се најотворени за прозападните идеи и принципи и кои со симпатии гледаат кон западните земји како заштитнички на слободниот пазар, индивидуалните човекови права и традиционалните вредности, во голема мерка одбиваат да направат дополнителен чекор и да се обидат да ја погледнат историјата низ поинаква призма. Сето тоа што го знаеме за историјата, фактите и нивното толкување, ги знаеме претставени низ една длабоко идеолошка призма, создадена да послужи на моменталните потреби на некогашниот режим, и која почнува скапо да не' чини во денешницата. Има повеќе елементи, од инсистирањето Македонците да се гледаат низ југословенската призма, отсуството на класичните и пропазарните филозофи и книги од училишната програма, а деновиве, со Сирија, особено до израз доаѓа сознанието дека Македонците поновата историја (Студената војна) ја гледаат со носталгија за Тито, Насер и Нехру како водачи на едно хумано, антиколонијално и ослободително движење против Западот.
Еден поинаков начин на гледање на работите би се задржал неколку моменти. Првин, ја имаме тезата дека западот поробил земји кои потоа морале национално да се ослободуваат од западните поробители. Всушност, западните земји не само што немаат ништо против арапската национална свест и постоењето на арапски држави (да го земеме случајот со Сирија), туку напротив, ГИ ИМААТ ИЗМИСЛЕНО АРАПСКИТЕ ДРЖАВИ! Идејата дека арапските држави треба да бидат самостојни е идеја на британскиот разузнавачки офицер Томас Е. Лоренс, попознат како Лоренс од Арабија, кој ги поттикнал арапските племиња на војна за независност од Отоманската Империја во Првата светска војна. По војната, Британија и Франција ги организираат овие држави во мандати – независни држави со локални владетели – каде водачите на најголемите локални племиња стануваат кралеви кои управуваат со парламентарни монархии изградени по примерот на Британија, со повеќепартизам. Западните земји ја обезбедуваат безбедноста на новонастантите држави, и нормално, западните компании влегуваат во овие земји, кои до вчера живееле во феудалната отоманска империја, за да почнат да ги развиваат како модерни, индустриски развиени економии.
Тука доаѓаме до втората голема сопка во начинот на размислување на типичниот македонски маалски геополитички коментатор, кој зборува за експлоатацијата, злото на колонијализмот и империјализам и крадењето на ресурси. Овој муабет го тераме во исто време кога во тек се разговори со канадска компанија да отвори нов гигантски рудник за бакар кај Радовиш, кога буквално молиме германски и британски автомобилски компании да отворат фабрики во Битола или Прилеп, и се радуваме на доаѓањето на нови француски или германски банки да го растурат зачмаениот хариштерјобишевизам во нашата економија. Многу е веројатно дека имам читатели кои од една страна искрено ја поддржуваат идејата за странски ИНВЕСТИЦИИ во Македонија, а сметаат дека британското инвестирање во нивниот мандат Ирак бил КОЛОНИЈАЛИЗАМ.
Работата е проста, западните земји се богати со капитал и искуство во развој на своите природни ресурси, ние, Арапите, Азијците, сме неразвиени, страднии за капитал и за знаење што да правиме со него. Можеме на оваа размена да гледаме како што ја гледаме во Македонија – слободна соработка во интерес на двете страни, а можеме да се држи и до социјалистичката матрица која инвеститорот и страната во која се инвестира ги прогласува за непријатели кои војуваат меѓу себе, место за соработници и партнери.Кои се ефектите од западниот империјализам? Мојот прадедо и дедо се потегнале од Тетово да одат да работат во Александрија, во тогашниот британски Египет. Покрај Влашко, Египет бил многу популарна дестинација за македонски печалбари, нешто како круз бродовите денеска. Уште имам една статуетка на Кеопс или Нефретити, појма немам, не се забележува многу дали е машко или женско и памтам како дедо ми ми кажуваше дека за малку ќе го убиела шкорпија која ја заробил во кутивче за кибрит. Кога ќе подпаднеле под британски или (во помала мерка) француски мандат, арапските држави во принцип се развивале бргу, исто како што и Македонија почнала да гради индустриска, трговска и интелектуална класа веднаш откако се ослободила од феудалното ропство на Турција (Отоманите биле прилично лабави и релаксирани околу верските и етничките разлики, проблемот што системот им се распаднал е што биле ригидни во економскиот модел, се држеле до закрепостеното селанство и затворените еснафи, не дозволувале индустријализација итд итд). Така ние и денес ги реставрираме убавите трговски куќи што го преживеале земјотресот изградени во 1920ите, 1930ите години, во кусот период меѓу феудализмот и комунизмот кога во Македонија, иако немало национална слобода, имало пазарна слобода.Дали мислам дека е добро што феудалниот систем се распаднал? Да, индустријализацијата ни овозможила неспоредливо подобар животен стандард. Дали морало тоа да се случи преку колонизација, војни и разбивање на империите како Отоманската? Па не, но факт е дека феудалните уредувања пружале силен отпор. Се разбира дека новиот економски и политички систем што ја заменил Отоманската Империја на Балканот и во Египет, и што Британија и Франција сакале да го спроведат и на Блискиот Исток не бил совршен, но е далеку супериорен во споредба со тоа што било пред, и со тоа што дошло потоа, значи е далеку супериорен во споредба со ефектите од анти-колонијалното движење.Што е анти-колонијалното движење? Анти-колонијалното движење всушност попрецизно може да се опише како ширење на комунистичката и социјалистичката револуција од Русија низ светот. Со финанска помош од Советскиот Сојуз, кој ја продолжил и надградил Големата Игра против Британија низ Азија, се формираат и вооружуваат комунистички и социјалистички партии низ Блискиот Исток, кои се обидуваат да ги избркаат кралевите и премиерите поддржани од Британија, Франција, Германија, а подоцна САД. Сепак, од некоја причина, во главите на просечниот Македонец, СССР (кој го земал златото на Шпанија на”чување” на пример) никогаш не се посочува како агресор, империјалистичка сила која почнала војни од Виетнам, Кореја, Камбоџа, Бурма и Авганистан, преку Блискиот Исток преку цела Африка до средна и Јужна Америка. Ние сме научени да мислиме дека западните земји се агресори низ светот, а дека по создавањето на СССР, сосем спонтано и случајно во огромен број на колонии, мандати, протекторати, полунезависни држави и независни држави кои биле под закрила на западните држави, почнуваат востанија, револуции, армиски државни удари и слично, во кои по некоја необична случајност, победничката страна потоа без никој од надвор да им каже, решава да воведе социјалистички или комунистички режим (скоро секогаш со катастрофални последици по сопственото население). За луѓе како нас кои се извежбани во се да гледаат западен империјалистички заговор, прилично е чудно како не сме успеале да повлечеме права линија меѓу државните удари и револуциите во светот и да сфатиме дека изворот на овие војни, востанија, државни удари можеби лежи во Москва или во централата на движењето на неврзаните? Знаеме дека Тито пловел со јахтата (Галеб?Албатрос?) околу Африка и одел на сафари, но се правиме слепи за фактот дека вистинската цел на тие мисии била Југославија да извезува пешадиско оружје за разните герилски движења кои потоа војувале против нивните про-западни власти (независно дали биле независни држави, протекторати или колонии) и да донесат на власт социјалистички или комунистички движења. Погледнете го на пример овој документ подготвен за Никсон во 1973 во кој американската администрација е зачудена, дури се гледа дека им е интерсно на некој начин, како тоа една глупа, полунеписмена држава од Балканот им доаѓа со некакви барања и ставови во врска со Палестина или Панама.https://2001-2009.state.gov/r/pa/ho/frus/nixon/e15/107793.htm Од една страна, мегаломанијата на Тито може да делува смешно или симпатично, но не може да се негира ефикасноста на глобалната левица, независно дали преку СССР или индиректно преку Неврзаните, да водат глобална војна против затекнатиот про-западен поредок низ земјите од Третиот свет. Еве, на пример, да ја земеме годината 1963та. Таа година во Сирија имало една од државните удари на социјалистичката БААТ партија против про-западниот претседател Назим ал Кудси, кој бил арапски националист, се залагал за голема арапска држава на Блискиот Исток, но бил анти-комунист и мислел дека таа арапска република треба да биде отворена кон западот. Истата година имало војни и меѓу Мароко и Алжир (Мароко помогнат од западните сили, а Алжир веќе како социјалистичка држава помогната од СССР и неврзаните, под Бен Бела), потоа имало два државни удари во Ирак, главно меѓу различните социјалистички фракции во БААТ партијата, потоа обид на СССР да припои дел од Кенија кон Сомалија вооружувајќи го револуционерното движење NFD, почнала војната во Гвинеја Бисао каде СССР, Кина, Куба, Алжир и ред други социјалистички и комунистички држави ја вооружиле Африканската партија за независност на Гвинеја и Капе Верде да почне војна против Португалија за независност на Португалска Гвинеја, доаѓа до Аденската криза – востание на марксистичката група NLF во Јемен против про-британската Федерација на Јужна Арабија со цел комунистичкото движење да го освои стратегиски важниот Аденски теснец, и го имаме почетокот на војната меѓу Индонезија и Малезија, во која Северно-Калиматанската Комунистичка Партија се обидела да го освои Борнео од про-британската Малезија и да го припои кон Индонезија.
Значи, само во една година, левите почнуваат пола туце војни низ светот, во кои комунистички движења напаѓаат западни колонии, или војуваат меѓу себе откако веќе ги избркале клетите колонијалисти.
Одете година по година низ периодот на Студената војна, секаде левиичарските, комунистички движења се обидуваат со сила да го урнат претходно воспоставениот поредок. Крај краева, оваа цел многу јасно е декларирана од страна на Интернационалата и Коминтерната, да се загарантира ширењето на комунизмот додека не доминира со целиот свет.И во огромен број случаи, овие обиди на СССР и нивните сателити биле успешни, се до конечниот внатрешен економски и политички колапс на самиот СССР.Затоа, место за проблемите создадени од западниот колонијализам и империјализам, поправилно би било да признаеме дека и ние сме биле активен учесник, една од страните во глобален СУДИР на западниот и комунистичкиот империјализам, кој почнува со Октомвриската Револуција и нејзините обиди да се прошири низ Европа, придонесува за почетокот на Втората светска војна, и потоа кулминира во Студената војна со десетиците прокси-војни меѓу прозападните и про-комунистичките сили низ светот. Напорите на западните земји низ овој период биле главно дефанзивни, тие ги бранеле воспоставените сојузи, протекторати и колонии низ светот, во некои случаи организирале против-удари кога комунистите или социјалистите ќе дошле на власт (во еден случај комунист дошол на власт преку избори (Салвадор Аљенде) и потоа бил соборен во западен државен удар, и за тој еден случај ќе слушаме до бескрај, но молчиме за стотиците државни удари извршени од страна на комунистите врз некомунисти. Факт е дека низ светот имало далекудалеку повеќе Чентовци од Аљендевци).Како овој глобален судир на левиот и десниот колонијализам и империјализам во Студената војна конкретно влијаел врз земја како Сирија? На пример, погледнете го списокот на премиери на Сирија:https://en.wikipedia.org/wiki/List_of_Prime_Ministers_of_Syria Да беа животински вид, сириските премиери ќе беа овошната мушичка која во просек живее две недели. Во 1949 година, земјата сменила пет премиери. Некои од нив биле прозападни реформатори како Хусни ал Заим кој кога му се собрале верски сунитски имами да се бунат зошто го забранил фереџето и дозволил мажите и жените слободно да разговараат на улица, љубезно ги поканил на маса, и потоа викнал келнерка да му донесе виски. Други биле антизападни (поддржувале независност) но и антикомунистички државници како Хашим ал Атаси во чии раце Сирија денес ќе беше Швицарска на Ориентот.
Но, причината за кратковечноста на овие премиери е револуционерниот бран поттикнат од Советскиот Сојуз, преку повеќе социјалистички партии од кои најголемата, БААТ партијата, се покажа како најбрутална, најболна за власт, и успеа со серија државни удари да ги донесе Хафез ал Асад и Садам Хусеин на власт во Сирија и во Ирак. Потоа, приказната ни е добро позната. Национализација на фабриките, рудниците, стрелање на трговците и интелектуалците, колективизација на земјата, забрана на други политички партии, сегрегација на населението (сунитите во Сирија, шиитите во Ирак), инфлација, тајна полиција… Сето тоа сме го виделе и во Југославија. Во сириско-ирачката верзија на социјалистичката утопија следат и катастрофални војни со Израел, напади врз комшиите (прозападниот Кувајт), ривалските антизападни револуционерни движења (ирачкиот напад врз Иран), употреба на хемиско оружје (Хафез ал Асад во Хана во 1982, Садам во Курдистан во 1991). Југославија дури подоцна ги стигна (па на моменти и престигна) овие две братски социјалистички држави во поглед на масакри, убивање цивили, уништување верски објекти и геноцид.
Ова е делот од приказната која просечниот Македонец не ја знае. За нас, Сирија, Либија, Ирак, Египет, како братски, “несврстани” држави беа прогресивни, богати, братски, солидарни држави, кои само се бранат од лошиот Запад. Како што прадедо ми и дедо ми биле на печалба во британски Египет, татко ми отиде како лекар во социјалистичка Либија.
Единственото на што се сеќавам од неговите приказни, освен финтите што морале да ги применуваат да дојдат до алкохол, е дека земјата била толку “прогресивна” и напредна, што мажот доаѓал да остане неколку дена со жената во болница откако таа ќе се породи. Единствениот проблем било што тоа значело дека мајката и бебето мора да лежат на подот додека мажот се излежава во болничкиот кревет. Но, ако разбудиш просечен Македонец во три саат сабајле и го прашаш што знае за Либија, ќе ти одговори “супер земја, Гадафи на сите им даваше станови и имаа топ болници, дојдоа Американците и ја растурија”. Не е дека ништо не знаеме, туку, уште полошо, многу од тоа што го знаеме е погрешно.
Сандра вели дека Тито ни рекол да им помогнеме на гладните во Африка.Погрешно, Сандра, душо. Дали ќе се изненадите ако ви кажам дека гладта во Етиопија била предизвикана од комунистичкото движење Дерг? Како смееме да се повикуваме на нашата морална супериорност и да кажеме дека “Тито ни рекол да помогнеме да ги нахраниме кутрите Етиопијци” а да не спомнеме дека луѓето ќе се развивале во пазарен систем, како индустриски развиена земја, под покровителство на западни држави како Италија или Британија или САД, да не била лудата идеја на Тито и на редицата советски диктатори да вооружуваат и поттикнуваат социјалистички и комунистички банди низ Африка како што биле етиопските Дерги, кои вовеле своја варијанта на црвениот терор. Од каде во Етиопија добиле идеја дека треба да си го колективизираат земјоделието, идеја која предизвикала глад секаде каде што била применета, од Украина до Зимбабве? Сигурно не ја добиле од Британците или Американците.

Обратно, што ако ви кажам дека причината што денес веќе нема глад во Етиопија, или во Индија, или Африка, се генетските модификации на житото спроведени од американскиот научник Норман Борлауг во 1950ите години? Во нашиот светоглед, знаеме дека Британија е виновна за гладта во Ирска, но не знаеме дека комунизмот е виновен за гладта во Етиопија, напротив, место да им се извиниме што сме му помогнале на тоталитарниот џган на етиопското општество да дојде на власт, се удираме во градие дека божем ние сме ги нахраниле; се буниме против Монсанто и против меморандумот 200 на Кисинџер, а не знаеме дека со децении наназад јадеме американски модификувани житарки кои се главната причина што не има 6-7 милијарди души на светот, и што гладта е практично искоренета, дури и во случаи кога комунистите ќе преземат некоја сиромашна земја и ќе и ја расплачат мајката со нивните политики. И покрај тоа што е претежно социјалистичка, “несврстана” земја и поради тоа е бедна и сиромашна, благодарение на западната агро-технологија, западниот био-инжењеринг, Индија денес барем не гладува, напротив, во одредени години нема каде да го складира вишокот жито (https://timesofindia.indiatimes.com/india/Come-June-bountiful-Rabi-harvest-poses-problem-of-plenty/articleshow/12525358.cms ).Но, вакви приказни, дури и да ги слушнеме, не одговараат на нашиот светоглед и затоа ги игнорираме.Понатаму, дел од критиките кон колонијализмот се однесуваат на

гледаме дека и без Арапите, Западот има горе-долу доволно нафта. Но, без Западот, Арапите немаат ништо.
Произлегувајќи од овој принцип, дека успешната цивилизација го шири својот модел врз помалку успешните, јас би ја поддржал и советската експанзија во Африка, Азија, Средна и Јужна Америка. Зошто да не, ако тоа води до прогрес, ако СССР навистина можеше да го исполни ветувањето дека ќе воведе подобар систем на управување и државно организирање, повеќе благосостојба за сите… Но, факт е дека државите кои со сила биле оттргнати од западната сфера на влијание со поддршка на СССР, и во кои бил воведен комунизам или социјализам, станаа апсолутно тоталитарни држави, еднопартиски, со тајна полиција која го контролира политичкиот, верскиот и економскиот живот, со колективизација во земјоделието, со неефикасна употреба на природните ресурси (комунизмот може да упропасти дури и земја богата со нафта, како што гледаме во Венецуела деновиве, или како што со децении го кочи развојот на Мексико).

Важен момент во нашиот традиционален погред на светот е наводната бруталност на западните земји врз поробените народи. Методите на репресија кои ги применувале колонијалните сили (кога ги применувале) не биле ништо построги, напротив биле далеку полабави во споредба со методите на војување, пресметување меѓу локалните владетели и претендентите на престолот кои со векови биле практикувани во овие земји пред првите европски бродови воопшто да се појават таму. Знаеме за тоа како лошите Американци употребиле атомско оружје врз Јапонија, но сте чуле ли некогаш за Нанкинг? Погледнете го, ако имате три чисти филмот Нанкинг на Бил Гутентаг (јас однапред ви велам дека немам).Всушност, западот е заслужен за ставање на крај на бруталните и крвави обичаи и практики во земјите кои ги ставал под своја шепа. Позната е анегдотата како британскиот генерал Чарлс Напиер го забранил индискиот обичај сати – имено, кога ќе умрел сопругот, во Индија вдовицата жива ја палеле заедно со неговиот труп. Генералот Напиер постапил како вистински мултикултурен тип, велејќи им на домородците дека ќе го почитува нивниот обичај, но и Британија има обичај да беси луѓе кои палат жени, па ајде, во интерес на нашиот соживот и глобализацијата, да ги измешаме обичаите. Вие запалете ја жената, а јас потоа сите ќе ве обесам. За кусо време, Индијците престанале да вршат сати. Но, ако и веруваме на левицата, само западните цивилизации се брутални, додека американските Индијанци, Индијците, Африканците, Кинезите, сите тие живееле во хармонија со природата, на мравка не газеле, Господ да чува да се повредат еден со друг. Според анти-колонијалниот светоглед, светот живеел во хармонија пред англо-саксонците да дојдат на сцената, и Тутсите и Хутите, и Индијците и Пакистанците, и Македонците и Грците, и Толтеците и Олмеците, сите се држеле за рака, пееле кумбаја, живееле почитувајќи го секое влакно трева на земјата и секое животно во гората, во изобилство и со целосно почитување на правата на сите верски, етнички и сексуални малцинства. Всушност, горчливата вистина е дека светот отсекогаш и секаде бил исклучително брутално место, а ширењето на западната цивилизација, со концептот на почитување на човековите права, и со индустријализацијата која овозможува драстично подобрување на животниот стандард, ако ништо друго стави крај барем на борбата за голо преживување и овозможи намалување на бруталноста на човечката егзистенција.

Идејата дека европските земји немале што мајка да бараат таму низ светот е подеднакво смешна, имајќи предвид дека на добата на “колонијализмот” му претходел периодот на муслиманска експанзија, кога истите овие арапски земји со своите војски дошле до Тур во Франција и до Виена во Австрија. Навистина е лудо да си балкански левичар, од земја која пет векови била окупирана од блиско-источна сила, а да кажеш дека западот е тој што провоцира агресија на Блискиот Исток, само затоа окупаторска што тоа одговара на твојот светоглед дека западните англо-саксонци секогаш и секаде биле окупатори. Факт е дека земјите кои ќе развиеле поуспешно општествено уредување од своите соседи отсекогаш го ширеле тоа со употреба на сила, римскиот модел на граѓанство и владеење на право бил поуспешен од варварскиот и империјалниот модел кој го заменил, турскиот и германскиот феудализам бил поуспешен од доцниот римски и византиски империјализам… И Македонија го правела истото во кусиот период кога имала водечки општествено-политички модел во светот. Така и британскиот, англо-саксонски модел на индивидуални права и парламентарна монархија во комбинација со почитување на слободата на пазарот бил супериорен во споредба со било што што светот дотогаш го открил (па и оттогаш) и лудо е да кажеме дека Британците, или Американците се уникатно агресивни во ширењето на своето општествено уредување. Долговечноста и успешноста на англо-американскиот модел повеќе се должи на тоа што моделот навистина успева да доведе до просперитет и благосостојба во земјите каде ќе биде спроведен (од Австралија, до Тајван, Јапонија, Јужна Кореја, преку Северна Америка од Западна Европа), отколку што се должи на нивната воинственост. Напротив, кај овие земји дури има и силна нишка на замор и разочараност од целата заебанција (https://www.online-literature.com/kipling/922/ ) Британија одамна дигна раце, а и САД под Обама се на добар пат да го сторат тоа. Па, како што рече другар ми Џеј Нордлингер при гостувањето во емисијата на Миленко, цитирајќи ја мојата омилена кантри песна, You're gonna miss us when we are gone (https://www.youtube.com/watch?v=cmSbXsFE3l8 ).
Нормално, крунскиот аргумент на левицата деновиве е дека Ирак, Сирија и Либија беа о-кеј се додека валканите Американци не ги вмешаа своите прсти. Бегалци немаше, владееле “прогресивни и секулари” диктатори (ова е левичарската варијанта на просветлен империјализам), болниците и школите биле тип-топ и се така по ред. Развојот на настаните всушност беше следниот: по нападот на 11 септември САД донесоа одлука дека состојбата во која 400 милиони Арапи и уште толку не-Арапи муслимани, кои живеат сите до еден под верска теократија, или социјалистичка диктатура, во сиромаштија, без контакт со либерални политики (што се гледа во третманот на жената во општеството, да не зборувам за припадниците на другите религии, елџибити и слично) е веќе неодржлива ситуација, и дека успехот кој САД и Западна Европа го имаа со уривањето на комунистичките режими во источна Европа и отворањето на овие земји (па и Кина) кон Запад, би можел да се реплицира и во муслиманскиот свет. Идејата беше доблесна и како жители на поранешна социјалистичка полициска држава, и како човечки суштества, би морале да имаме симпатии кон целта (левицата постојано си честита на добрите намери, дури и ако реализацијата без исклучок им е катастрофална, така што ова е исклучително редок случај и десницата да си го дозволи тој луксуз – да каже, јбг, we meant well).Изведбата на овој план беше добра во почеток (првите 2 години), стана

(групата МЕК), Сирија (Слободната сириска армија), па дури креваат раце и од Израел и тргнаа да се повлекуваат од регионот, овие групи почнаа да си бараат други спонзори (ирачките шиити се свртеа кон Иран, Асад добива поддршка од Русија, египетското Муслиманско Братство бара помош од Ердоган, а арапските сунити во Сирија и Ирак се организираа во ИСИС која кон целиот сунитски свет проектира слика на загрозеност на нивните собраќа од страна на режим поддржан од Русија (Асад) и од шиитски Иран (актуелната Влада во Ирак) и добива поддршка до сунити од Европа, Балканот, се шири и во Пакистан, Авганистан…). Еве ви го посакуваниот мултиполаризам, другарки и другари. Како ви се допаѓа сега за сега? Имајќи го сето ова предвид, ајде да одговориме на прашањето далиАмерика требаше воопшто да се меша во Блискиот Исток? Одговорот е:- Да, ако САД планираа да издржат до крај (како што остана до крај во Западна Германија, Јапонија, Јужна Кореја) – макар и тоа да значеше уште 10.000 убиени Американци, на крајот резултатот можеше да биде реставрација на некогаш про-западниот Блиски Исток по децениската власт на левичарски тоталитарни диктатори и шанса за појава на нормално политичко уредување во една од најстарите цивилизации на светот.
– Не, ако САД и нивните западни сојузници веќе немаат храброст да издржат до крај. Не почнувај нешто што немаш намера да го завршиш.За жал, се случи ова второто. Иако сериозна држава не би требала да ја менува политиката преку ноќ, се случи еден американски претседател да почне сериозен потфат, со поддршка од повеќето европски држави, а потоа неговиот наследник да почне да спроведува сосем поинаква политика. И затоа ние сега паралелно го обвинуваме Западот дека ги почнал војните на Блискиот Исток и дека не прави доволно да ги запре.
Иако делува контрадикторно, да критикуваш странска интервенција и воедно да бараш странска интервенција, но од сите парадоксални работи што ќе ги слушнеш од македонскиот маалски кооперациски геостратег, овој е најмалку парадоксален. Но, многу е погрешно, на оваа кардинална грешка на американската политика на Блискиот Исток, да налепиме осуда на западната цивилизација, а уште е поголема глупост и грешка е да ја користиме да ја правдаме крајно неодговорната, свесно и намерно опасна и штетна политика на социјалистичките и комунистичките држави кон Блискиот Исток.
Автор: Цветин Чилиманов 
Преземено од: ЈадиБурекhttps://off.net.mk/

loading...
Loading...