ЧИСКЕЈК ОД НУТЕЛА и тоа само за 15 минути!

Чокохоличари, ова слатко кафеаво изненадување, едноставно мора да го пробате. Покрај тоа што оваа торта ќе ја спремате за рекордно брзо време, нема многу да се измачите, бидејќи можат да ја направат дури и деца.За чискејк од нутела ќе ви бидат потребни следниве состојки:
– 250 грама бисквити
– 100 грама путер
– 400 грама нутела (или сличен крем по избор)
– 500 грама несолен крем-сир
– ½ шолја шеќер во прав
Подготовка
Во еден сад помешајте го путерот исецкан на коцкички и една лажица нутела. Загрејте ја смесата во микробранова печка, онолку колку што е потребно за да се стопи. Бисквитите сомелете ги а потоа измешајте ги заедно со смесата од путер и нутела.
Се добро промешајте и распоредете го во тркалезен плех кој претходно сте го намачкале со путер.
Послужете се со лажица за  фино да ја порамните кората.

 
Во посебен сад изматете го крем-сирот со шеќерот, а потоа додадете го остатокот од нутелата. Изматете ја смесата со миксер додека се фино не се соедини. Истурете ја преку кората од бисквити и оставете ја во фрижидер да се олади, а потоа послужете. 
Погледнете во видеото:
За чискејк од нутела ќе ви бидат потребни следниве состојки:
– 250 грама бисквити
– 100 грама путер
– 400 грама нутела (или

Пронајдете не на следниве мрежи: