Чоколадно уживање БЕЗ ЈАЈЦА – Готово за 15 минути

Чоколадно уживање БЕЗ ЈАЈЦА – Готово за 15 минутиТесто:
2 шолји брашно (користете шолја од 200мл)
2 шолји шеќер
½ шолја масло
2 шолји јогурт
2 лажички сода бикарбона
2 лажички какао
Прелив
10 лажици шеќер
10 лажици млеко
100 гр путер
100 гр чоколадо
1 лажица рум (по желба)
Во сад за матење ставете го брашното, сода бикарбона и какао. Додадете го шеќерот и добро промешајте. Постепено истурајте го јогуртот непрестанато мешајќи поради грутки и на крајот додадете го маслото. Матете со миксер додека масата не стане глатка. Кружен плех обложете го со хартија за печење и ставете ја смесата.
Печете на 220 С во загреана рерна околу 30 минути. За тоа време додека колачот се пече направете го преливот. Во сад ставете го сецканиот путер, млекото, шеќерот, чоколадото и по желба рум и мешајте на тивок оган се додека се не се стопи и додека не се добие фин и густ прелив,а тоа брзо се прави. Тесто:
2 шолји брашно (користете шолја од 200мл)
2 шолји шеќер
½ шолја масло
2 шолји јогурт

Пронајдете не на следниве мрежи: