Во 1945 година, Мухамед ал-Саман и неговиот брат, тргнале од своето село кон блиските пештери да копаат и да бараат ѓубриво. Многу блиску до површината, тие откриле запечатен сад, а она што во него се наоѓало засекогаш ја смени перцепцијата за раните векови на христијанството.Мухамед ал-Саман бил, но и до крајот на животот останал најобичен египетски селанец – сиромашен, неписмен и непризнаен. Но, поради она што тој случајно го пронашол во 1945 година кога заедно со својот брат копал во близина на пештерите Џабал ал-Тарифа, трагајќи по ѓубриво, засекогаш ја смени науката, христијанството и изучувањето на Библијата, многу луѓе однесе во скептицизам и атеизам, а тој си обезбеди место во историските учебници.
Како што е веќе спомнато, тој случајно, на многу мала длабочина, пронашол запечатен сад во кој се наоѓале скриени записи кои биле закопани во 4-от век од страна на гностиците од блискиот манастир, веројатно додека силите на римската војска со галоп се приближувале да ги уништат сите „еретички“ списи на кои ќе наидат. Тогаш смеело да постои само едно гледање на Бога, а сите останати морале да бидат уништени. Авторитетот на главните епископи не смеел да се доведува во прашање.
Ниеден од овие двајца браќа не пријавил што пронашле, бидејќи планирале да заработат пари со продажба на истите списи. Нивната мајка по пат запалила неколку папируси, од страв дека би можеле да имаат негативни ефекти. Но, во 1946 година, браќата се испокарале меѓу себе и ги оставиле ракописите кај еден коптски свештеник кој заедно со неговиот брат, дел по дел продавал од ова богатство. Она што останало во 1952 година, било прогласено за национално богатсво и е сместено во Коптскиот музеј во Каиро.
Поради сите овие настани, она што останало е познато како Библиотеката Наг Хамади, наречена по најблиската поголема населба.
Она што беше откриено е неверојатна збирка на литература од која на секој свештеник на секоја Црква (и источната и западната), му се крена косата на глава. Околу 1.000 испишани страници, сместени во 12 книги укоричени во кожа. Секоја книга, освен десеттата, содржи збирка пократки дела, па во суштина станува збор за 52 расправи. Дванаесет биле познати од претходно, додека 40 биле сосема нови. Од нив, 30 биле релативно цели, а 10 биле само фрагменти.
Меѓу нив било и Евангелието според Тома, кое од корен го смени сфаќањето на раното христијанство, но и Евангелието според Филип, Евангелието на вистината, Расправа за воскресението, Тајната книга на Јаков, За потеклото на светот, Книгата на Тома, Софија на Исус Христис, Евангелие на Египќаните, Откровение според Павле, Прво и Второ откровение според Јаков, итн.
Евангелието според Тома е најбитниот пронајдок. Овој ракопис содржи 114 изреки кои му се припишуваат на Исус Христос, од кои околу половина се наоѓаат во канонските евангелија, но другата половина била непозната.
Таа друга половина фрла ново светло на луѓето кои ги поставија темелите на христијанството и му даваат досега невидена димензија. На пример, Исус не ги советува верниците да постат, да се молат и да делат милостина (спротивно на велењата на Црквата), „бидејќи она што влегува во устата не го валка човекот, туку го валка она што излегува од неа“.
„Царството Божјо е во вас и надвор од вас. Кога ќе се запознаете себеси, ќе станете познати и ќе сфатите дека вие сте синовите на Отецот. Но, ако не се запознаете себеси, ќе живеете во сиромаштија и самите ќе бидете олицетворение на сиромаштија“, вели Исус во Евангелието според Тома, во параграфот кој посочува дека актот за спасение е нераскинливо поврзан со моќта на интроспекцијата, способноста искрено да се согледа сопствената личност, самокритично, бидејќи тоа е единствениот пат кон усовршувањето.
Овој дел се смета дека е напишан во периодот помеѓу 60. и 140. година н.е., а некои веруваат дека Евангелието според Јован е директен одговор на Евангелието на Тома, но и дека авторот на последното канонско евангелие користи различни методи да ги оспори нештата кои ги тврди Тома. На пример, со пласирањето на приказната за „неверниот Тома“.
Ова, но и откритијата на другите апокрифни евангелија, даваат потполно нова светлина на раната историја на христијанството и поставуваат низа прашања: колку правци од нашата религија постоеле во првите векови, со кои методи се служеле отците од Црквата кога одлучувале кои евангелија се добри, а кои не се, како можеме да бидеме сигурни дека вистинската верзија на христијанството победила и кои земни фактори играле улога во победата на „никејската“ струја?Мухамед ал-Саман бил, но и до крајот на животот останал најобичен египетски селанец – сиромашен, неписмен и непризнаен. Но,