ЦРН ПЕТОК: Две лица загинаа во две сообраќајки, меѓу загинатите и малолетник

Еден малолетник загина, а двајца се повредени во сообраќајна несреќа која синоќа околу 1:30 часот се случила во Дебар во близина на градскиот стадион, откако возило „Рено Лагуна“ се превртело.Во несреќата животот го загубил 17 годишниот сопатник Р.Р., додека според неофицијални информации, тешко повредени се возачот Е.Ј. и уште едно момче кое било во автомобилот Е.К.
Дел од медиумите пишуваат дека во автомобилот биле четири малолетници инаку ученици во трети клас на дебарската гимназија.
На местото на несреќата извршен е полициски увид.
 
Тешка сообраќајка на патот Неготино- Д.Капија
Маж загина, а жена и три деца се повредени во сообраќајна несреќа која утринава се случила на автопатот А1 Неготино- Демир Капија, во близина на хотел „Парк“.
Според полициските информации, автомобил „Даеву“ со српски регистерски ознаки управуван од 41- годишна жителка на Србија удрил во заштитна еластична ограда од автопатот и се префрлил на другиот дел од коловоз.
Во несреќата починал совозачот во возилото маж на возраст од 55 години од Србија. Жената возач се здобила со тешки повреди, додека трите деца кои биле на задните седишта на возраст од 10, 8 и една година се со телесни повреди. Повредените се пренесени во Медициснкиот центар во Велес.
На лице место е излезен и Јавен обвинител, увидот е завршен, се расчистува коловозот.Во несреќата животот го загубил 17 годишниот сопатник Р.Р., додека според неофицијални информации, тешко повредени се возачот Е.Ј. и уште едно момч

Пронајдете не на следниве мрежи: