ЧУДО ВО ЦРКВАТА СВ. ЃОРЃИЈА: Бог и најлон го спасија вековнот крст од поплавата

Loading...

Во црквата „Св. Ѓорѓија“ во Сингелиќ не можат да се изначудат како се нашол најлон од 40 метри врз малиот крст стар над 100 години и успеал да го спаси да не го однесе поплавата на 6 август. ­Божје чудо, вели отец Драган Димишков за МИА.Овој крст му е посветен на свети Ѓорѓија. На оваа место бил поставен некаде по 1912 година. Вечерта кога се случи невремето, не знам од каде и како, крстот беше покриен со најлон долг 40 метри. Претпоствувам дека од некаде дошол и го покрил крстот, со тоа го спасил да не го однесе водената стихија. И површината пред крстот беше чиста, воопшто недопрена. Во негова близина затекнавме и едно возило кое го пресконало ѕидот и паднало на покрив. Крстот имал среќа возилото да не падне врз него. Крстот е спасен. Самиот Господ Бог си ги чува своите работи, вели отец Драган, кој сѐ уште не може да се изначуди како се спасил малиот трошен крст.
Освен крстот неоштетен е и ѕидот со фрески и икони иако во  црквата и во помошниот објект имало кал околу пола метар. За среќа, калта не стигнала до ѕидот украсен со фрески и икони.
Црквата во Сингелиќ почнала да се гради во 1972 година на темелите на стара црква која била урната за време на Балканските војни. Бидејќи е честа мета на крадци, а нема чувари, секоја вечер наизменично ја чува еден од двајцата свештеници, отец Драган и отец Даниел. За голема среќа, кобната ноќ немало ниту еден од свештениците во неа.

-Таа вечер го повикав да дојде на кафе. И вечерта бевме на една прослава во Автокомнда. Ноќта соседите ни јавија дека храмот е поплавен. Некаде околу 3 часот по полноќ дојдовме овде. И што да видиме. Црквата беше во катастрофална, катаклизмична состојба, вели тажно отецот Драган и додава дека ден по поплавата, старешината на црквата и служителката ја чистеле црквата од кал, а тој пребарувал низ дворот умрени луѓе и животни.
-Пред црковната порта најдов една жрвта, една жена во автомобил. Таа е донесена два и пол километри, од Камник, раскажува отецот. Тој во дворот нашол многу угинати кози, овци, мачки, кучиња кои ги извлекол до каналот.
Тој е задоволен тоа што полека работите се враќаат во нормала. Вели може да се продолжи со литургискиот живот. Најмногу им е благодарен на Армијата, на Единицата за врски и на „Леопардите“.Овој крст му е посветен на свети Ѓорѓија. На оваа место бил поставен некаде по 1912 година. Вечерта кога се случи невремето, не знам од каде и како

loading...