Дали доволно внимаваме на екологијата?

Колку се грижиме за животната средина?Неодамна нашата новинарска екипа се врати од Љубљана, град кој од минатиот месец и официјално ја доби наградата „Европски зелен главен град”. Награда која се добива за напорите во поставувањето на стандарди за зачувување на животната средина и амбициозни цели за идниот одржлив развој, за претворање на градовите во попријатни места за живот и работа. А во Љубљана тоа е забележливо на секој чекор! Град со чисти улици, зелени урбани парцели импресивна и одржлива транспортна мрежа, еколошки одговорни жители кои го селектираат отпадот во три одделни кеси. Во посебен контејнер биоразградливиот отпад, посебен за пластика и за стакло. Во градот има повеќе центри за собирање отпад, така што Љубљана брзо цели кон тоа да биде град со најголем процент на рециклиран отпад во Европа. Тука речиси се се компостира, и на крај рециклира. За само десет години износот на отпад кој се селектира пораснал од 16 на 145 кг по жител, така штоЉубљана многу брзо ќе биде град со нула отпад.

Го посетивме и модерниот регионален центар за управување со отпад кој се карактеризира со најмодерни технологии за складирање на отпадот, со минимално влијание врз животната средина, каде доаѓа собраниот отпад од цела Словенија, каде се ситни и просејува, се одвојуваат тешките фракции од органскиот отпад, а биоотпадот се користи за производство на квалитетно гориво за цементната индустрија или за одгледување на растенија. Во овој центар 150.000 т отпад годишно се селектира, додека 21.000 т биоотпад се рециклира.
Воодушевени од тоа што го видовме, неминовно си го поставивме прашањето каде сме ние, нашиот главен град, нашата Македонија во имплементацијата на еколошките стандарди. Какви се еколошките навики на нашите граѓани, нашите компании, на институциите, колку тие се однесуваат одговорно. 
За жал кај нас нецелосно се спроведува дури и законот за управување со пакување и отпадНеодамна нашата новинарска екипа се врати од Љубљана, град кој од минатиот месец и официјално ја доби наградата „Европски зелен гла

Пронајдете не на следниве мрежи: