Дали сте доволно храбри да го пробате ова јадење?

Има вкус на пилешко, но е далеку „поопасно“ месо од него. Ресторанот „Еванов комшилук“,кој се наоѓа во Форт Мајерс на Флорида, веќе две години служи пица „Еверглејдс“ чија главна состојка е бурмански питон!Сопствениците на ресторанот, Еван и Авис Даниел, дошле до необична идеја поради која имале доста предупредувања бидејќи питоните го преплавиле градскиот национален парк.
Луѓето постојано зборуваат за тоа и позитивно и негативно. Тоа навистина не е важно бидејќи ние успеавме да го припремиме и е навистина вкусно- рекол господин Даниел додавајќи дека оваа змија има вкус како пилешко, но малку е жилава.
Пицата станала најпродаваниот деликатес во неговиот ресторан, а според зборовите на сопственикот, на гостите не им претставува никаков проблем да издвојат дури 45 долари за неа. 

Бурманските питони го преплавиле националниот парк бидејќи нивните сопственици ги пуштиле на слобода за да се размножуваат.
Бидејќи се наоѓаат на врвот на ланците за исхрана, немаат природни непријатели на Флорида, а вкупно можат да нараснат и до шест метри.
Погледнете како се приготвува…
Сопствениците на ресторанот, Еван и Авис Даниел, дошле до необична идеја поради која имале доста предупредувања бидејќи питоните го преплавиле град

Пронајдете не на следниве мрежи: